Почетна » Новости » Занимливости » „Зелено кафе“ во кесички забрането за употреба

„Зелено кафе“ во кесички забрането за употреба

Зелено кафе„Зелено кафе“ во кесички – забрането за употреба.

Во последните неколку месеци многу жени и мажи го присвоија српскиот производ „Зелено кафе“ како свој сојузник во борбата со килограмите.

Но, денес Дирекцијата за храна го забранила зеленото кафе пакувано во кесички и во моментов се повлекуваат од продажба сите дистрибуирани количини од аптеките. Овој препарат, кој што е наменет за слабеење, е небезбеден согласно Законот за безбедност на храната.

Причината за ваквата одлука на Дирекцијата е тоа што зеленото кафе пакувано во кесички ја содржело супстанцијата сибутрамин, а тоа не било посочено во производната спецификација.

Сибутрамин е супстанција за лекување на дебелина, која се произведува во САД и дејствува преку намалување на апетитот. Но, поради негативните последици кои ги има врз здравјето, особено кај болните од срцеви заболувања и зголемен крвен притисок, таа е забранета за употреба во Европската Унија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10378 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.