Почетна » Новости » Занимливости » „Затоа Бог создаде мајка на момче“: Текст кој ги допира сите кои имаат син

„Затоа Бог создаде мајка на момче“: Текст кој ги допира сите кои имаат син

Ники Пенингтон со сладок текст допира до срцата на мајките на момчиња.

Популарната авторка има три сина, па добро знае како изгледа животот со машки деца. Од стравовите кога тие темпераментно трчаат наоколу, до навивањата на спортските натпревари и лекциите како да се почитуваат жените... Ники на интересен начин ја објаснува важната улога на мајките во животот на момчињата:

Ники Пенингтон

Тој знаеше дека ќе имаш потреба да трчаш слободен и див и дека покрај тебе ќе треба да има некој, кој ќе може да се справи со твојата бестрашна природа дури и ако и самиот е исплашен. Некој, кој ќе го запре автомобилот покрај патот само за ти да ги гледаш тракторите, багерите и мешалките за цемент.

Затоа Бог создаде мајка на момче.

Знаеше дека ќе ти треба некој кој ќе го поминува времето обидувајќи се да те научи како да бидеш храбар и силен, но и да те потсети дека можеш да бидеш и чувствителен и нежен.

Затоа Бог создаде мајка на момче.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој кој ќе излезе од својата удобна зона, дури и ако се плаши, сакајќи да те научи дека е ОК и ти да излезеш од твојата. Но, исто така дека ќе треба да ти покаже дека е ОК да останеш во твојата комфорна зона и дека таа секако ќе те сака. Некој кој нема да се плаши да му каже на својот син дека научил многу нешта од него.

Затоа Бог создаде мајка на момче.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој кој ќе го бараш од теренот само за да го видиш како со насмевка навива за тебе од трибините. Тој знаеше дека ќе ти треба некој кој секогаш ќе биде твојот најголем фан, во победа или во пораз.

Затоа Бог создаде мајка на момче.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој кој ќе може да ти помогне да градиш замоци, да патуваш во вселената и да одиш на авантури во џунглата без да се помрднуваш од подот на дневната соба.

Затоа Бог создаде мајка на момче.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој кој секогаш ќе ја знае сладоста на твоите прегратки и моќта зад твоето „Те сакам“.

Затоа Бог создаде мајка на момче.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој кој ќе те научи на важноста да ја почитуваш сопругата, да се однесуваш кон луѓето со почит без разлика на нивниот социјален статус. Некој кој ќе те научи не само да бидеш добро момче, туку и добар човек. Човек кој се стреми да го пронајде доброто во овој свет, а ако не може да го пронајде, да стане тоа. Човек кој ќе седне со тажните и ќе плаче со нив, бидејќи мајка му го научила дека плачењето не е само за девојчиња.

Затоа Бог создаде мајка на момче.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој кој ќе сака да те израсне само за да те пушти да одиш еден ден, но ќе знае дека љубовта кон тебе нема да заврши на денот кога ти ќе заминеш од дома за да основаш свое семејство.

Затоа Бог создаде мајка на момче.

Тој знаеше дека ќе ти треба личност која прво ќе може да признае дека се плаши да израсне момче, но која потоа со насмевка на лицето и солзи во очите, ќе им кажува на сите дека не може да си замисли да биде што било друго на светот.

Затоа Бог создаде мајка на момче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.