Почетна » Новости » Занимливости » Започнува пролетниот фестивал на виното во Скопје

Започнува пролетниот фестивал на виното во Скопје

Мај, најубавиот месец од годината, полека станува асоцијација за фестивалот на виното кој веќе втора година по ред ќе се одржи под отворено небо пред Веро Центарот. Од 8 до 12 мај посетителите ќе имаат уникатна можност на едно место да се запознаат со вкусовите на домашните вина, да дегустираат и уживаат во овој петдневен фестивал посветен на виното, храната и музиката.

Вино фест 2013 - програма

„Минатата година овој фестивал иако го доживеа своето дебитантско искуство и за првпат јавноста имаше можност да го посети, се покажа како вистински погодок бидејќи побуди голем интерес, а ние се потрудивме да овозможиме одлична атмосфера вредна дружењето и оваа година да го повториме. Успеавме на едно место да собереме дури 10 домашни производители на вина, а за уживањето да биде комплетно поканивме 4 различни производители на сирења и сувомесни производи. Очекуваме и оваа година заедно со сите љубители на доброто вино да бидеме дел од овој фестивал на уживањето“ – изјави генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.

Вино фест 2012Веро Винофест 2012

Покрај можноста да се запознаете и да ги дегустирате вкусовите на сите домашни винарници, за атмосферата да биде комплетна ќе се погрижат и бројните актуелни музички бендови кои ќе имаат свои настапи. Нокаут, Тони Китановски и Черкези, Фолтин, Чалгии, Air Strings, Пеперминт и многу други се само дел од музичката програма замислена специјално да го надоплни овој хедонистички фестивал кој ќе му овозможи на Скопје уживање за сите сетила. А в недела, на 12-ти мај, ексклузивно настапува новосадската акустична сензација - Фрајле!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11999 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.