Почетна » Новости » Занимливости » Започнува првиот „Ајс бар“ караван во Македонија

Започнува првиот „Ајс бар“ караван во Македонија

Под мотото „Глобално разладување“ Nestlé го отвора првиот Ајс Бар Караван во Македонија.

На површина од 30m2, поставен во подвижен „замрзнат“ камион, првиот Ајс Бар на Nestlé на посетителите ќе им понуди да избегаат од жешкиот градски асфалт, да заборават на тропските температури и да уживаат во идеалниот леден вкус на Nescafé Frappé, подготвено од професионалните Nescafé Frappé бармени.

Ајс Бар

Во ледениот ентериер на барот и значително пониските температури, љубителите на кафе низ целата држава, ќе имаат можност да уживаат во вистинска „ексимска“ атмосфера, надополнета со вкусот на освежувачкото Nescafé Frappé.

„Ајс бар“ караванот започнува од плоштадот во Скопје, во четврток на 19.07 од 18 до 23 часот, каде ќе остане и наредниот ден во истиот термин. На 21-ви и 22-ри јули скопјани ќе се разладуваат со Nescafé Frappe во Градскиот парк, додека на 23-ти и 24-ти во населбата Аеродром, повторно од 18 до 23 часот.

Веќе од среда, 25.07 ледениот караван на Nescafé Frappe се сели во Куманово, од каде продолжува во Струмица (26.07), Битола (27.07) и за време на викендот (28.07 – 29.07) се задржува во Охрид.

Исто така, за сите посетители на првиот „Ајс кафе бар“ ќе биде овозможена и интернет конекција и можност да ги споделат своите „ајс“ моменти во виртуелниот свет.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.