Почетна » Новости » Занимливости » Забавни фотографии од поларно мече кое првпат излегува на снег

Забавни фотографии од поларно мече кое првпат излегува на снег

Фотографка поминала 117 часа на екстремно ниски температури за да улови интересен момент. Дејзи Џилјардини имала мисија да го фотографира првото излегување на семејство поларни мечки од нивното дувло на лов за храна, кога едно од мечињата одлучило дека е подобро да се прикачи за мајка си одошто да оди низ длабокиот снег.

Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки

Имено, новородените поларни мечиња поминуваат 3-4 месеци во дувло пред да излезат на снег за првпат. Тоа најчесто се случува во средината на февруари. „Екстремно е тешко и ретко да бидете сведок на моментот кога мечките излегуваат од своите дувла, затоа што треба да се подложите на екстремно тешки услови“ – рекла Дејзи.

Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки

За професионалната фотографка од Канада особено бил интересен моментот кога малото мече се прикачило за мајката мечка, затоа што тоа било невообичаено однесување за овој вид животни. „Тоа беше неверојатно смешно и неочекувано однесување“ – изјавила таа.

Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки Поларни мечки

Настанот се случил во Национален парк во Манитоба, Канада.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.