Почетна » Новости » Занимливости » За рекордни 52 пластични операции платила 100 000 долари

За рекордни 52 пластични операции платила 100 000 долари

Денес сè повеќе жени легнуваат под нож само за да го подобрат својот изглед. Но, Синди Џексон е жената која на екстремен начин ја користи моќта на пластичните операции.

Во изминативе години таа има направено вкупно 52 корекции на изгледот, од кои 14 биле хируршки операции под анестезија, а останатите биле хемиски пилинзи, мали интервенции кои не барале престој во болница и користење на ботокс.

За да го победи стареењето, таа освен што користи ботокс, има направено операции на очните капаци, 5 фејслифтинзи и многу липосукции, вклучително и на колената. Скоро и да нема дел од нејзиното тело којшто не е коригиран.

Синди Џексон

Со 52 козметички процедури таа го држи светскиот рекорд, но признава дека кога започнала, немала намера да поставува рекорди.

„Не започнав за да кршам рекорди, за да поставам светски рекорд. Тоа не ми беше амбиција“ – изјавила таа за AbcNews и истакнала дека прави сè за да изгледа природно убаво.

„За мене најдобриот резултат е оној што изгледа природно. Не би сакала некогаш некој да застане, да зјапа во мене и да каже: таа жена си има направено премногу операции“ – објаснила Џексон.

Синди Џексон

Синди, која денес има 55 години и живее во Лондон, израснала во Охајо. Нејзината самодоверба била многу ниска затоа што нејзините врсници често ѝ се потсмевале. Таа се сеќава дека кога имала 14 години некој ѝ се обратил со зборовите „Знаеш Синди, кога се смееш, од страна твојот нос и твојата брадичка скоро се спојуваат“.

Кога починал татко ѝ, таа наследила пари од него и започнала со операциите.

Промената на лицето на СиндиПромената на лицето на Синди

Откако успеала да се задоволи со изгледот на лицето и телото, Синди се насочила кон единствениот дел од телото кој ги издавал нејзините години – рацете. Неодамна во нејзините раце ѝ биле вбризгувани инјекции со супстанција која го стимулира производството на колаген со цел да ги намали испакнатите вени.

Синди ЏексонРацете на Синди пред и по завршувањето на третманот со инјекции

„Не сакам да се погледнам во огледалото и да видам старо лице. Чувствувам дека ова сум јас. Точно вака треба да изгледам“ – изјавила самоуверено таа.

„Не мора да изгледаме како нашите родители. Ова е еволуција. Ова е медицински напредок“ – објаснила Синди која моментално работи како консултант за пластични операции.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10281 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.