Почетна » Новости » Занимливости » Жената со најголеми гради на светот предизвика револт

Жената со најголеми гради на светот предизвика револт

Гледачите на британската утринска емисија „This Morning“ денес останале со подотворена уста кога како гостинка се појавила Челси Шармс, жената за која се верува дека ги поседува најголемите гради на светот.

Дел од гледачите биле зачудени од големата глетка, но некои останале револтирани затоа што во утринска емисија, во термин кога има и деца пред телевизорите, се прикажува стриптизерка со огромни гради. „Изгледа ужасно, моето дете се згнаси“ – напишала една гледачка на Фејсбук.

Челси

Но, на голем дел од гледачите им било забавно да ја гледаат 35-годишната егзотична танчерка којашто тврди дека го обожава вниманието што го добива поради големината на нејзините гради.

„Амбициозната“ Американка си направила редица операции, меѓу кои и забранета процедура со полипропиленски спирали. Токму поради таа интервенција, градите на Челси сè уште растат по 2,5 сантиметри секој месец.

„Кај повеќето девојки кои ја имаат направено оваа операција престанале да растат градите, па јас само чекам тоа да се случи“ – изјавила таа.

ЧелсиЧелси и водителот на емисијата

Челси е висока 158 сантиметри, а нејзините гради тежат по повеќе од 12 килограми. Таа признала дека градите ѝ помогнале да заработува илјадници долари, но дека никогаш не планирала да станат тоoолку големи.

Челси и водителот на емисијатаВодителот се обидува да ја долови тежината на градите на Челси со помош на лубеници

Поради големата тежина на градите, Челси мора секојдневно да вежба за да ги зајакнува мускулите на грбот, а во емисијата признала дека има проблеми при хранењето и кога ќе се најде во тесни простории како авионски тоалети.

„Спијам на грб или на страна. Тоалетите во авионите ми се проблем, многу се тесни. Јадењето ми е проблем затоа што морам да седам многу далеку од храната“ – се пожалила Челси.

Челси има и имиња за своите гради – Ици и Бици.

Интервјуто на Челси стана особено популарно на друштвените мрежи. Еве и дел од него:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11052 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.