Почетна » Новости » Занимливости » Жена се породи на паркинг откако на пат кон болницата сфати дека бебето не сака да чека повеќе

Жена се породи на паркинг откако на пат кон болницата сфати дека бебето не сака да чека повеќе

Трудница се породи на паркингот од McDonald’s во Винконсин сред снежна бура.

Аналисија Бек сакала да го роди синчето во болница, но тоа имало други планови. По патот кон болницата, идната мајка сфатила дека на бебето не му се чека повеќе, бидејќи притисокот станал пресилен и таа чувствувала како да седи на неговата глава.

„Бебето слегуваше многу, многу брзо и моето тело не можеше повеќе да чека за да даде напон“ – објаснила Аналисија.

Таа побарала од сопругот да повика Брза помош и да го паркира автомобилот, се преместила во багажникот и со три напони го родила своето чедо. Болничарите стигнале точно навреме.

Аналисија Бек Аналисија Бек

Бебето ги поминало сите прегледи и е во одлична здравствена состојба, а изненадената мајка раскажа за случката на Facebook и сподели фотографии.

„Мика Даниел драматично влезе на овој свет во 4 часот и 12 минути утрото на 12 јануари.“

„Додека возевме накај болницата, тој одлучи дека сака накратко да намине во McDonald’s... Не ни сакате да се роди на болница! Мика се роди во нашиот багажник на паркингот од McDonald’s за време на снежна бура“ – напишала мајката.

Аналисија Бек Аналисија Бек Аналисија Бек Аналисија Бек Аналисија Бек Аналисија Бек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.