Почетна » Новости » Занимливости » Жена победи на Европскиот покер турнир во Сан Ремо

Жена победи на Европскиот покер турнир во Сан Ремо

Британката Лив Боери успеа да победи 1240 натпреварувачи во голем покер турнир одржан во Сан Ремо и ја освои наградата од 1 250 000 евра.

25-годишната манекенка и водителка стана третата жена која некогаш има победено на ваков голем покер настан од 2004 година, кога за прв пат започна да се организира European Poker Tour (EPT).

Лив Боери

Интересното е што Лив започнала да игра покер само пред 4 години, а професионално се занимава со покер од 2008 година. Порано била водителка на големото натпреварување EPT, но отсекогаш имала желба да седне и да игра.

Убавата победничка, наречена „Iron Maiden“ поради тоа што обожава метал музика, учествува во големото финале на EPT кое започна денес во Монте Карло.

Изгледот на Лив не е причина за нејзината победа, туку логичкото мислење. Таа завршила астрофизика на Универзитетот во Манчестер и била меѓу најдобрите во својата генерација. Смета дека токму тоа ѝ помогнало да биде толку успешна.

„Да имаш диплома по астрофизика помага во играта, затоа што те прави аналитичен и те тера да мислиш логички. Сепак, сè е во бројките“ – изјавила Лив.

Лив Боери Лив Боери

Во изминативе три години Лив освоила нешто повеќе од 2 милиони евра на турнири низ Америка, Европа и Австралија и сега го зазема 9-тото место во лигата на врвни покер играчи.

И покрај големиот успех, таа сè уште живее во мало село со својата мајка и татко и секогаш рационално ги троши парите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10984 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.