Почетна » Новости » Занимливости » Еуролинк осигурување трет пат ја организира летната балетска школа за деца

Еуролинк осигурување трет пат ја организира летната балетска школа за деца

Еуролинк осигурување, веќе традиционално, трет пат распишува конкурс за учество во „Летната балетска школа“ за деца на возраст од 6 до 11 години.

Во период од 24 јуни до 15 јули 2016 година, во просториите на Македонска опера и балет, под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец на МОБ, децата бесплатно ќе изучуваат класичен балет и ќе можат да поминат дел од летниот распуст на корисен и забавен начин, стекнувајќи навика за вежбање што го оформува телото, развива дисциплина и дава основа за добро здравје. Долгорочната цел е што повеќе деца да добијат шанса да ги откријат своите потенцијали и да добијат можност за правилен раст и развој во иднина.

Летна балетска школа

„Традицијата ја продолжуваме и оваа година овозможувајќи забава и квалитетно организиран дел од распустот на дечињата. Задоволство е да се вложува во развојот на идни балерини кои подоцна својот талент и сон продолжуваат да го развиваат во оваа област. Балетските вежби, кои се специјално прилагодени на возраста на децата, помагаат да развијат чувство за координација, музикалност и ритам, а атмосферата e одлична за нови пријателства и многу дружење“, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.

Родителите можат да ги пријават своите деца преку испраќање на електронската адреса letnabaletskaskola@eurolink.com.mk:

  • фотографија од своето дете,
  • податоци за возраста,
  • информација за неговата тежина и висина и број на балетанки,
  • информација за претходно балетско искуство.

Пријавувањето започнува на 10 јуни (петок) и ќе трае до 17 јуни (петок).

Часовите ќе се реализираат три пати неделно (понеделник, среда и петок во термините од 18.00 до 19.00 прва група и од 19.00 до 20.00 втора група).

Сите деца што успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификат за учество и професионална балетска униформа.

„Летната балетска школа“ на Еуролинк осигурување е активност во рамки на платформата за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.