Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно видео: Парализиран маж прооди со помагало за првпат по 21 година за да танцува со ќерка си на нејзината свадба

Емотивно видео: Парализиран маж прооди со помагало за првпат по 21 година за да танцува со ќерка си на нејзината свадба

Уште од 2-годишна возраст Савана сонувала да танцува со својот татко, а нејзиниот сон стана јаве на нејзиниот свадбен ден.

Благодарение на егзоскелет, прекрасната невеста имаше прилика да го одигра првиот танц со татко си Сем, кој е парализиран од половината надолу. Савана не можеше да си ги задржи солзите кога го виде татко си како чекори кон неа.

„Секогаш сонував дека ќе дојде овој ден. За овој танц, беше неверојатно самото тоа што сум негова ќерка, а тој е мој татко. Сон на секое девојче е да има танц татко-ќерка. За мене сон беше да гледам нагоре во него, да му ја држам раката и едноставно да танцувам“ – рекла Савана по свадбата во април годинава.

„Ова беше најубавиот ден во изминатите 21 година“ – рекол Сем, кој останал парализиран по тешка сообраќајна несреќа во 2000 година. Докторите сметале дека нема да живее долго време, но тој на сите им докажал дека нема намера да се откаже од животот.

Сем и Савана Сем и Савана Сем и Савана

Сем на свадбата имал можност за првпат по несреќата да танцува и со својата сакана сопруга.

Сем и Савана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.