Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно видео: Детето со желба да стане ѓубреџија

Емотивно видео: Детето со желба да стане ѓубреџија

Осигурителната компанија „Thai Life“ навистина знае како да допре до срцата на својата публика. Новата реклама на тајландската компанија ја раскажува приказната за мало момче кое сакало да стане суперхерој „ѓубреџија“.

На почетокот на видеото наставничка има едноставна задача за своите ученици – секој да прикаже каков суперхерој посакува да биде. Желбата на едно од децата да стане ѓубреџија ја изненадува наставничката, која дознава која всушност е причината за необичната желба. Имено, детето посакува да стане ѓубреџија за да ѝ помага на мајка си која работи како уличен чистач. Видеото открива и дека мајката неодамна била удрена од автомобил и дека редовно има болки во колената. Токму затоа детето пишува во својата училишна задача дека мисијата на суперхеројот „ѓубреџија“ е да ја заштитува мајка си од опасност и да ја враќа дома безбедно.

Видеото е голем хит на социјалните мрежи и досега има над 1,6 милиони прегледувања на YouTube.

Претходни емотивни видеа од истата компанија се:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11253 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.