Невеста од Алјаска го доби најголемото изненадување во животот на нејзиниот свадбен ден.
Беки Турни, која пред две години го загуби својот 19-годишен син, на венчавката се сретна со мажот кој живее со срцето на нејзиното прерано починато чедо. Реакцијата на емотивната невеста ќе ве разнежни.


На дел од фотографиите, 44-годишната Американка со стетоскоп го слуша чукањето на срцето на синот. Фотографиите кажуваат повеќе од 1.000 зборови.




Имено, младоженецот го поканил Џејкоб Килби да биде специјален гостин на нивната свадба. Килби бил роден со срцева мана. По две неуспешни трансплантации, нему му било пресадено срцето на синот на Беки во октомври 2015 година.
Денес тој живее благодарение на прерано починатиот Тристон. „Без неговото срце немаше да бидам тука денес. Немаше ни една посериозна компликација со трансплантацијата. Сурфам, одам во фитнес сала секој ден, вежбам кардио. Повторно можам да водам нормален живот“ – изјавил Џејкоб, благодарен што семејството одлучило да ги донира органите на Тристон.

Беки не сакала да зборува за смртта на нејзиниот син. „Сакаме фокусот да се стави на донирањето на органи и врската која се создава помеѓу семејствата кои примаат и семејствата кои донираат органи“ – рекла таа.
