Почетна » Новости » Занимливости » Емотивен свадбен момент: Младоженец со ветување кон малата поќерка разнежува срца

Емотивен свадбен момент: Младоженец со ветување кон малата поќерка разнежува срца

Емотивен момент од венчавката на Анастасија и Брендон Линденмен деновиве се распространува на интернет и разнежува срца низ светот.

Имено, по разменување на свадбените завети, Брендон клекна на колено пред малата ќерка на својата сакана со ветување дека секогаш ќе биде покрај неа и никогаш нема да ја напушти.

„Ми беше чест што можам да се наречам себеси твој татко. Те гледав како растеш сè поголема и поголема секој ден. Растеш сè поубава секој ден. Во остатокот од мојот живот, секогаш ќе бидам тука за тебе, ќе бидам твој пријател и татко. Ќе ме викаш ли твој татко?“ – се зборовите со кои Брендон ѝ се обрати на малата Рејна, а таа исполнета од емоции го бакна и прегрна.

Свадбата на Анастасија и Брендон Свадбата на Анастасија и Брендон Свадбата на Анастасија и Брендон Свадбата на Анастасија и Брендон

Брендон ѝ подари на слаткото девојче прстен како доказ за неговата љубов.

Свадбата на Анастасија и Брендон Свадбата на Анастасија и Брендон Свадбата на Анастасија и Брендон

„Срцето ми се исполни и тоа ме увери дека ја направив правилната одлука да го поминам остатокот од мојот живот со овој маж, кој не само што ме сака мене, туку ја сака и мојата ќерка како да е негова“ – изјави среќната невеста за овој момент.

Свадбата на Анастасија и Брендон

ВИДЕО

Анастасија и Брендон се запознале во 2015 година, кратко време по нејзината разделба со поранешниот сопруг. Љубовта и грижата на Брендон за нејзината ќерка се родиле веднаш. „Нивната врска всушност ме одушевува. Тие секогаш прават забавни работи и иако тие се едноставни, ѝ значат многу на Рејна. Тешко е да се опише со зборови нивната врска. Тие навистина се најдобри пријатели. Таа го гледа низ прозорецот кога си заминува, го бара кога ќе стане од спиење, му се јавува кога е на работа и трча кон него кога се враќа дома и му подарува голема прегратка“ – вели Анастасија за поврзаноста на нејзината ќеркичка со Брендон.

рејна и Брендон рејна и Брендон рејна и Брендон рејна и Брендон рејна и Брендон рејна и Брендон рејна и Брендон рејна и Брендон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11997 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.