Почетна » Новости » Занимливости » Елизабета Ѓоргиевска на самит во Кенија, одржа говор за родовата еднаквост и репродуктивните права на жените

Елизабета Ѓоргиевска на самит во Кенија, одржа говор за родовата еднаквост и репродуктивните права на жените

Елизабета Ѓоргиевска отпатува во Кенија. 47-годишната сопруга на претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на Најроби Самитот кој се одржа на 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) во Каиро.

На настанот, Ѓоргиевска одржа говор за родовата еднаквост и репродуктивните права на жените.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

„Јас лично не ја претпочитам титулата Прва дама, затоа што отсекогаш верував во еднаквост на сите луѓе и на сите жени. Првата работа што ја направив беше да го сменам ова од веб-страницата на Претседателот. Но, кога мојот сопруг стана Претседател на земјата, бев сведок на ситуација кога на луѓето им требаше некој да обрнува внимание на нивните проблеми, не мора да значи дека секогаш би можела да ги решам, но понекогаш им требаше некој што ги слуша. Јас немам моќ да ги менувам законите, но би можела да работам на подигање на свеста за проблемите. На луѓето им треба водство и лидерство. Им требаат луѓе со визија за да го променат општеството на подобро. Мојата цел е да ја истакнам важноста на одредени проблеми, кои не беа истакнати, и би сакала да бидам пример со дејствувањето. На пример, неодамна учествував во Кампања за подигање на свеста за кардиоваскуларното здравје на жените, учествувајќи на прегледи. Едно од најважните прашања што може да се направи како прва дама е создавање и градење нови партнерства – за да се постигнат целите на ICPD, треба да бидат ангажирани повеќе партнери (сите агенции на ООН, меѓународни компании, национални и меѓународни невладини организации, Фондови млади луѓе, лица со посебни потреби). И, конечно, Кабинетот на Претседателот може да биде голема поддршка во однос на видливоста и логистиката. Како непартиски претседател, тој се смета за претседател на сите граѓани и еден од неговите 8 приоритети што беа потенцирани дури и за време на кампањата и треба да се исполнат во првите 8 месеци од неговото претседателствување е родовата еднаквост. Кабинетот на Претседателот има 50% жени“ – посочи Георгиевска.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

„Треба да ги забрзаме напорите повеќе од кога и да е, и да го подобриме долгорочно здравјето на сите. Неопходно е обезбедување еднаков пристап до квалитетна и сеопфатна примарна здравствена заштита за сите жени во текот на целиот живот, потоа, развој на координиран систем на грижа и обезбедување грижа специфична за здравствените потреби на мајките, за секоја бремена жена и новороденче, така што жените ќе раѓаат безбедно“ – додаде Елизабета.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

„Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) ќе го интензивира напредокот на агендата за репродуктивно здравје.Чест е да се биде меѓу 6000 во Најроби, Кенија, како заложба за промовирање на репродуктивното здравје и права на жените“ – напиша Елизабета на социјалните мрежи.

На конференцијата, 179 влади усвоија програма за акција, со која се признава дека репродуктивното здравје, зајакнувањето на жените и родовата еднаквост се патот до одржлив развој.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.