Почетна » Новости » Занимливости » Едноставни правила за среќен живот

Едноставни правила за среќен живот

Животот не е автопат со патокази кои сите треба слепо да ги следиме и не е однапред напишана бајка со среќен крај.

Животот е креација на човекот. Па, зошто да не изберете да бидете среќни? Прочитајте едноставни правила од книгата „Life's Little Instruction Book“ кои можат да ви го подобрат животот и да ве направат посреќни.

Жена
  1. Следете ги трите „П“: Почитувајте се себеси; Почитувајте ги другите; Преземајте одговорност за сите свои постапки.
  2. Кога губите, не губете ја научената лекција.
  3. Понекогаш најдоброто нешто што може да ви се случи е да НЕ го добиете она што го сакате.
  4. Убаво научете ги правилата за да знаете како е најдобро да ги прекршите.
  5. Имајте на ум дека големата љубов и големите постигнувања вклучуваат и голем ризик.
  6. Не дозволувајте мало недоразбирање да повреди големо пријателство.
  7. Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, веднаш преземете мерки за да ја поправите.
  8. Секој ден поминувајте одредено време сами.
  9. Раширете ги рацете за промени, но не ги испуштајте своите вредности.
  10. Запомнете дека тишината понекогаш е најдобриот одговор.
  11. Живејте добар и чесен живот. Кога ќе остарите и ќе погледнете наназад, ќе можете повторно да уживате во него.
  12. За време на расправии со саканите, споменувајте ги само сегашните проблеми. Не се навраќајте на минатото.
  13. Споделувајте го своето знаење. Тоа е начин да останете бесмртни.
  14. Бидете понежни кон Земјата.
  15. Еднаш годишно одете на место кое не го имате посетено.
  16. Запомнете дека најдобрата врска е онаа во која љубовта која со саканиот ја чувствувате еден за друг е поголема од вашата потреба еден од друг.
  17. Оценувајте го успехот според она од коешто требало да се откажете за да го постигнете.
  18. Дом исполнет со љубов е основата на вашиот живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.