Почетна » Новости » Занимливости » Драстична трансформација: Ја преполови својата тежина и гордо ја покажа новата фигура

Драстична трансформација: Ја преполови својата тежина и гордо ја покажа новата фигура

Дона Гили ќе ви докаже дека упорноста секогаш се исплатува. 30-годишната Канаѓанка ја преполови својата тежина без операции и „магични пијалаци“ и сега гордо ја покажува новата фигура.

Дона Гили

Во тинејџерските години, Гили забележала дека нејзината телесна тежина нагло се зголемува, но страста кон слатките задоволства и брзата храна не ѝ дозволила да стави крај на нездравата исхрана и да го промени начинот на живот. Таа продолжила да се насладува на чоколада и сладоледи, игнорирајќи го фактот што тие биле главните виновници за нејзиното екстремно дебелеење.

Кога се префрлила на ново работно место, Дона започнала со зачудувачката трансформација. Таа била загрижена дека новите колеги ќе зјапаат во неа и се чувствувала непријатно. „Пресвртниот момент кога решив да направам промена и да применувам здрав начин на живот ми се случи на 22-годишна возраст. Се сеќавам како седев на моето биро на новото работно место и не се чувствував многу комфорно“­ – вели Гили.

Тогаш, Дона ја покажала својата решителност и станала физички активна, а нешто подоцна ја променила и својата исхрана.

Дона Гили Дона Гили Дона Гили

Упорната девојка од Нова Шкотска досега има учествувано на два фитнес натпревари и сега се гордее со својата витка фигура. „Влегов на натпреварите не затоа што сакав пластичен трофеј, туку лично за себе – за да си докажам дека можам да го обликувам моето тело после тешките напори кои ги вложив за да ослабам“ – рекла таа.

Дона Гили Дона Гили

По завршувањето на вториот натпревар Дона тежела 52 килограми, што е половина од бројката која ја покажувала вагата пред таа да започне да тренира.

„Слабеењето ми го промени животот само на позитивни начини“ – вели Дона.

Дона Гили

„Многу луѓе ми имаат признаено дека ги мотивирав да сакаат да се променат и бараат мој совет. Им ја раскажувам мојата приказна и им кажувам дека мора да размислуваат позитивно, бидејќи тие самите можат да прават чуда“ – објаснила Гили.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11880 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.