Почетна » Новости » Занимливости » Зачудувачка трансформација на девојка која ги изгубила родителите и тетка си поради дебелина

Зачудувачка трансформација на девојка која ги изгубила родителите и тетка си поради дебелина

Девојка ја преполови својата тежина, поттикната од лошата судбина на родителите и тетка ѝ, кои починале поради дебелина. 24-годишната Американка, која некогаш тежела повеќе од 140 килограми, успеала да ослаби 75 килограми.

Мери Максвел

Покрај проблемите со тежината, Мери Максвел од Орегон, САД, има и многу трогателна животна приказна, но наместо да дозволи тагата да ја надвладее, таа сега инспирира многумина низ светот.

На татко ѝ, му бил дијагностициран рак кратко време откако започнал да се состанува со мајка ѝ. Поради преголемата љубов, тие одлучиле што побрзо да се венчаат и да имаат дете и покрај препораките на докторите да не го прават тоа заради можни компликации од дебелината. Нивните обиди за зачнување биле успешни, но не и борбата за живот на таткото на Мери.

Тој за последен пат издишал кога мајката на Мери била во шестиот месец од бременоста. Но, тука не бил крајот на страдањата на Максвел. На 2-годишна возраст, мајка ѝ починала од срцев удар предизвикан од големиот број килограми.

„Моите мајка, татко, дедо и баба и моите тетки, сите беа со прекумерна тежина и јас како двегодишно девојче се движев во истата насока“ – вели Мери.

Откако останало без родители, несреќното девојче било посвоено од своите чичко и тетка. Но, судбината повторно не дозволила Мери да биде среќна. На 8-годишна возраст таа дознала дека нејзиниот чичко е болен од неизлечлив рак.

Бројните трагедии во животот ја „фрлиле“ Мери во депресија и во свет каде „храната ѝ бил единствен пријател“. „Нештата кои ги сакав додека растев, како пријатели, игри и пеење, се намалија, но мојата љубов за храна се зголеми“ – пишува таа.

Мери Максвел Мери Максвел

За среќа, на дваесетгодишна возраст, по разговор со пријателка, Мери решила да сврти нов лист и да го промени начинот на живот. Таа си направила операција за поставување бајпас на желудникот и тоа бил стартот на нејзината голема трансформација.

„Јас ќе умрев ако не преземев контрола. Ќе умрев поради дебелината, но ако умирам, ќе умрам обидувајќи се“ – тврди упорната девојка.

Мери Максвел Мери Максвел

Но, големото слабеење резултирало со вишок кожа на телото на Мери и сега нејзина цел е оперативно да си ја отстрани.

„Толку многу пати имам плачено гледајќи во мојата кожа. Се прашувам себеси како можев да си го уништам телото на таков начин. Еден ден ќе ги имам лузните да покажам која бев, лузните од операцијата за отстранување на вишокот кожа, но дотогаш ќе го носам вишокот кожа како лузна на моето срце, бидејќи НИКОГАШ нема да бидам жената која сакам да бидам ако ова остане на моето тело“ – пишува Максвел, која верувале или не, сè уште добива коментари од типот „Уште си дебела“.

Мери Максвел

Со споделувањето на својата приказна Максвел се надевала дека ќе ги инспирира другите да го променат начинот на живот доколку не се задоволни со својот изглед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.