Почетна » Новости » Занимливости » „Доживеј го Тесла” и на мобилниот телефон

„Доживеј го Тесла” и на мобилниот телефон

Комерцијален текст

Првата музејска изложба во виртуелната реалност посветена на Никола Тесла, отсега покрај во Музејот на Никола Тесла во Белград, е достапна и на мобилна апликација.

Доживеј го Тесла

Direct Media, најголемата маркетиншко-комуникациска агенција во регионот, ја донираше изложбата „Доживеј го Тесла” на Музејот на Никола Тесла оваа година, во која прослави 15 години од своето успешно работење, а потоа креираше и апликација за мобилни уреди и уреди кои ја поддржуваат технологијата на виртуелна реалност.

Доживеј го Тесла

„Со креирањето на мобилната апликација, како дополнително искуство покрај изложбата, сакавме да го приближиме единственото искуство на интеракција со големиот научник и сите негови почитувачи од целиот регион и остатокот од светот кои не се во можност да го посетат Музејот на Никола Тесла”, изјавуваат од Direct Media системот.

Доживеј го Тесла

Со соработката со Digital Mind, чиј тим ја креираше изложбата, Direct Media направи чекор напред во користењето на технологија во музеологијата. Како изгледа да се стои покрај Тесла и неговата хидроцентрала на Нијагарините водопади, да асистираш во Колорадо спрингс или на платформата на кулата на Лонг Ајленд, каква била собата на Тесла во познатиот хотел „Њујоркер”, а каква неговата визија за иднината? Овие визуелни сцени се дел од изложбата во виртуелната реалност „Доживеј го Тесла” која во јуни е прикажана и на најголемиот саем за енергетика Експо 2017 во Астана, главниот град на Казахстан.

Доживеј го Тесла

Мобилната апликација на англиски јазик „Nikola Tesla Experience” може да се симне преку Google Play или Apple App Store, а повеќе информации за изложбата се наоѓаат на сајтот www.nikolateslaexperience.com и www.doziviteslu.com

Direct Media е присутна во осум земји од регионот: Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Албанија и Бугарија и има 15 години успешна работа во медијскиот адвертајзинг, маркетинг и комуникации.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.