Почетна » Новости » Занимливости » Доброто со добро се враќа: Млад касиер ја плати храната на мајка која си го остави паричникот дома, за возврат доби многу повеќе

Доброто со добро се враќа: Млад касиер ја плати храната на мајка која си го остави паричникот дома, за возврат доби многу повеќе

Мајка имаше прекрасна случка со касиер во McDonald’s во Охајо, која ѝ ги отвори очите и ја потсети дека улога на родителите е добро да ги воспитаат нивните деца.

Британи Рид се враќала од фудбалски тренинг со своите три деца, кога ќерка ѝ започнала да плаче дека не сака да ја јаде вечерата која таа ја имала зготвено. Поради тоа, Рид одлучила набрзина да купи храна од McDonald’s, но кога требало да плати, забележала дека си ја оставила чантата дома и дека нема пари.

Таа сакала да ја откаже нарачката, но младото момче на касата без двоумење платило со својата картичка и ѝ рекло дека му било задоволство. Пресреќна поради тоа што постојат толку добродушни и правилно воспитани младичи, Британи ја раскажала случката на Facebook и создала страница GoFundMe за да му помогне на касиерот да си купи автомобил.

Приказната на Британи е доказ дека добрината со добрина се враќа. Прочитајте ја:

Вајат

Се надевам дека ова ќе стигне до родителите на овој младич.

Вечерва, кога се враќавме од фудбалски тренинг со моите три деца, моето 4-годишно дете беше толку уморно, што започна да плаче и да се однесува будалесто додека се возевме во комбето. Мојата 7-годишна ќерка започна да плаче зашто ѝ реков дека имаме црвени компири како прилог за вечера, а таа не ги сака. Кренав раце и реков, ЗАБОРАВИ, вечерва ќе јадеме од McDonald’s.

Нарачавме храна, а сега сите три деца плачеа поради некаква причина. Кога отидов на шалтерот да платам сфатив дека ЈА ОСТАВИВ ЧАНТАТА ДОМА. Сега мене ми се плачеше. Го погледнав младото момче со солзи во очите поради стресот и лутината и му реков: „Душо, извини, но морам да ја откажам нарачката, си ја оставив чантата дома кога заминавме на фудбал вечерва“.

Без колебање, тој го извади паричникот и плати со својата картичка пред да успеам да му речам: „Не, брзо ќе се вратам“. Му реков дека ќе се вратам, но тој ми возврати: „Не, сосема е во ред, задоволство ми е“.

Направив брза фотографија и го прашав како се вика, а тој ми одговори: „Вајат, госпоѓо“. Му реков дека ќе се вратам со пари за него, а тој се обиде да ме разубеди.

Само сакам неговите родители да знаат колку ЉУБЕЗЕН и СОЧУВСТВИТЕЛЕН беше нивниот син вечерва! Тој направи оваа мајка под стрес да паузира за момент и да сфати дека токму ова треба да се обидуваме да го направиме како родители – да воспитаме прекрасни човечки суштества. Па, господине Вајат, ти си неверојатен човек!!!

Се вратив назад за да му ги предадам парите и морав да го принудам да ги земе, бидејќи не сакаше да земе повеќе отколку што платил. Но, јас сакав да му дадам до знаење дека кога правиш добро во светот, тоа ти се враќа десет пати повеќе.

Вајат не дозволувај овој свет да го промени твоето љубезно срце, бидејќи луѓето како тебе ќе го сменат светот на подобро.

Откако дознала дека Вајат работи и штеди пари за да си купи автомобил, Британи создаде страница на GoFundMe за него. Целта била да се соберат 5.000 долари, а луѓето досега донирале 48.000 долари за добродушното момче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.