Почетна » Новости » Занимливости » Добродушен маж прими 300 бездомни кучиња во својот дом за да ги заштити од ураганот Делта

Добродушен маж прими 300 бездомни кучиња во својот дом за да ги заштити од ураганот Делта

Додека ураганот Делта се приближуваше кон Мексико пред неколку дена, еден добродушен маж си постави цел да ги заштити животните од прибежиштето во коешто работи.

Рикардо Пиментел знаел дека објектот во „Tierra de Animales“ нема да ги собере сите 300 бездомни кучиња кои живеат таму и дека тој не е отпорен на урагани. Затоа, смислил нов план. Тој ги довел сите кучиња, мачки и други животни во својот дом. Рикардо однапред подготвил храна и други потребни нешта за животните, па сè поминало во најдобар ред.

Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел

„Тие 300 кучиња кои ги зедов во мојот дом се дел од оние кои веќе живеа во ‘Tierra de Animales’. Само што немаме доволно засолништа отпорни на урагани за да ги заштитиме сите кучиња. Затоа одлучивме да ги ставиме во куќата“ – објаснил тој.

Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел

„Спасувам животни речиси целиот мој живот, уште од дете. ‘Tierra de Animales’ ја основав пред 9 години. Не спасуваме само мачки и кучиња, туку и желки, игуани, крави, овци, кози, свињи, коњи, магариња итн.“ – вели Рикардо, кој објави фотографии и од останатите животни кои ги спасил од ураганот.

Ураганот Делта започна да се создава на 5 октомври како последица на топлотен бран, а исчезна пред два дена. Тоа беше еден од најголемите урагани кои ја имаат погодено Америка.

Засолништето на Рикардо било оштетено, но многу животи биле спасени благодарение на него.

Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел

Видео

Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел Рикардо Пиментел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.