Почетна » Новости » Занимливости » Добра вест: Коали кои беа спасени од пожарите во Австралија повторно се враќаат во дивината

Добра вест: Коали кои беа спасени од пожарите во Австралија повторно се враќаат во дивината

Неколку месеци по катастрофалните пожари во Австралија, дел од коалите кои беа спасени, повторно се пуштени во дивината.

Коалите беа згрижени во зоолошка градина во Сиднеј и во болницата за коали „Port Macquarie Koala Hospital“, а сега се пуштени повторно во нивните природни домови.

Се проценува дека околу 10.000 коали загинаа поради тоа што беа зафатени од ужасните пламени јазици.

Коали Коали

„Овој ден ни ги згреа срцата. Тоа што можеме да ослободиме толку многу коали во нивните првобитни живеалишта нè прави многу среќни. Ова е горд момент за Австралија, бидејќи гледаме дека живеалиштата на коалите се опоравуваат од тоа што беше разурнувачко време“ – изјавија од Port Macquarie Koala Hospital.

Коали Коали Коали

„Среќни сме што ги вративме повторно во нивните домови. Правевме проценка на опожарената област за да утврдиме дали условите се подобрија доволно за да можат тие да преживуваат самостојно. Ќе ги следиме и ќе внимаваме на нив, додека да се увериме дека убаво ќе се прилагодат“ – велат од непрофитната организација Science for Wildlife.

Коали Коали Коали Коали Коали

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9511 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.