Почетна » Новости » Занимливости » Дигитален апарат брише брчки, става шминка и избелува заби

Дигитален апарат брише брчки, става шминка и избелува заби

Дигиталната обработка на фотографиите денес не се користи само од славните личности. Многумина сами ги ретушираат своите фотографии или имаат пријател кој го прави тоа за нив пред да ги постават на некоја друштвена мрежа.

Сега постои дигитален фотоапарат којшто автоматски ги коригира веќе направените фотографии. Заборавивте да си ставите пудра? Изгледате бледо? Сакате побели заби? Нов фотоапарат од Panasonic помага да се разубавите и нашминкате со едноставно притискање на копче.

Ефектот на ретуширање

Преку вграден софтвер за ретуширање имате можност да си ги избелите забите и да ги отстраните недостатоците по кожата на лицето, а можете дури и да добиете потемен тен. Но, исто така, фотоапаратот содржи и опции за шминкање. Можете да си изберете различна пудра, сенка за очи, кармин или руменило и моментално да го промените вашиот изглед.

Ефектот на ретуширање Ефектот на ретуширање

Според сајтот Stylelist којшто го тестираше новиот апарат, резултатите се многу добри, особено по користењето на опциите за шминкање со кармин и руменило.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.