Почетна » Новости » Занимливости » Дечко на креативен начин ја запроси саканата откако мораа да откажат романтично патување поради пандемијата

Дечко на креативен начин ја запроси саканата откако мораа да откажат романтично патување поради пандемијата

Прогласувањето на пандемија и затворањето на многу граници ги промени плановите на многу авантуристи кои планираа да патуваат ширум светот. А, го уништи и планот на Иан да ѝ предложи брак на саканата Кајла за време на романтично патување во Исланд.

Откако беа принудени да останат во САД, Иан мораше да смисли нов начин како да ја побара за жена својата девојка.

Креативниот дечко од Северна Каролина организираше планинарење, бидејќи тоа ѝ било омилена активност на Кајла, и по патот скришно ја фотографираше заедно со пораки во кои опишува зошто ја сака.

Предлог за брак Предлог за брак

Кајла отсекогаш ме прашуваше зошто ја сакам, а јас секогаш ги избегнував тие прашања бидејќи не знаев како да го опишам тоа со зборови. Но, нејзе тоа ѝ е важно. Па, одлучив да ѝ „кажам“ со пораки зад нејзиниот грб, додека го правевме тоа што таа го обожава.

„Сметам дека таа не знае, но се надевам дека ќе рече „да“. Мислам дека таа барем знае дека ја сакам. Ја сакам затоа што е паметна, ја сакам затоа што е убава, ја сакам затоа што го гледа најдоброто во луѓето, ја сакам затоа што сакам да ја сакам засекогаш. Па се надевам дека и таа ме сака. Се надевам дека ќе се омажи за мене, бидејќи ќе ја прашам наскоро, многу наскоро“ – пишува на неговите пораки.

Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.