Почетна » Новости » Занимливости » Дечко во Дизни стил пресоздаде фотографии од врската за да ѝ предложи брак на саканата

Дечко во Дизни стил пресоздаде фотографии од врската за да ѝ предложи брак на саканата

Џејсон Шофман точно знаел како треба да изгледа неговиот предлог за брак кога сфатил дека ја пронашол вистинската жена за себе.

Заљубениот маж ги претворил најважните моменти од својата врска во Дизни сцени, знаејќи дека неговата сакана Дизни фанатичка нема да остане рамнодушна. Тој купил и литографски Дизни слики и ја навел девојка си Симон да мисли дека е поканета на Дизни изложба.

На првиот кат биле изложени слики од популарните анимирани филмови, но вистинското изненадување било во подземниот дел, каде во мала просторија биле изложени постерите на Џејсон, преплавени со значајни датуми и детали од нивниот живот.

Во видеото, Џејсон ја раскажува реализацијата на својата идеја, а на крајот ѝ предлага брак на Симон.

Се разбира дека Симон вели „да“.

Видео

Предлогот за брак на Џејсон Шофман Предлогот за брак на Џејсон Шофман Предлогот за брак на Џејсон Шофман Предлогот за брак на Џејсон Шофман Предлогот за брак на Џејсон Шофман Предлогот за брак на Џејсон Шофман Предлогот за брак на Џејсон Шофман Предлогот за брак на Џејсон Шофман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.