„Етикетите се за облека, не за деца“ - е пораката на новата детска модна кампања на River Island.
Шест дечиња со попреченост се ѕвездите во пролетната кампања на брендот, која ја слави различноста.


Малите херои се соочуваат со различни проблеми како Даунов синдром, епилепсија и церебрална парализа, но од нивните лица зрачат ведрина и „заразни“ насмевки.




