Почетна » Новости » Занимливости » Денес прославете го Меѓународниот ден на пивото!

Денес прославете го Меѓународниот ден на пивото!

Лето е, жешко е и петок е. Ако тоа не ве убеди да наздравите со чаша ладно пиво, ќе ви дадеме уште една причина – денес неофицијално се празнува Меѓународниот ден на пивото.

Пар што пие пивоНа 5-ти август неофицијално се прославува Меѓународниот ден на пивото

Меѓународниот ден на пивото има три цели:

  1. Да се соберете со вашите пријатели и да уживате во вкусот на пивото;
  2. Да им оддадете почит на оние кои го произведуваат и го служат пивото;
  3. Да го обедини светот, со прослава на пивото од сите нации заедно во еден ден.

Иако за прв пат беше „создаден“ пред само четири години во 2007 година, Меѓународниот ден на пивото веќе се слави во 138 града во 23 земји низ светот, а оваа година ќе биде прославен на 278 различни настани.

За да се вклопите во прославата, не е потребно многу. Повикајте ги пријателите, наздравете со чаша пиво и уживајте!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.