Почетна » Новости » Занимливости » Денес е Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

Денес е Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

Шокантни се статистичките податоци на Светската здравствена организација кои укажуваат на тоа дека секоја трета жена во одреден момент од својот живот е жртва на физичко или сексуално насилство, најчесто извршено од страна на нејзиниот интимен партнер.

25 ноември е Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените. Денес всушност е означен почетокот на глобалната кампања „16 дена на активизам за спречување на насилството врз жени и девојчиња“, која ќе трае до 10 декември, односно Денот на човековите права. Целта на кампањата е зголемување на свеста и преземање на конкретни мерки за прекинување на насилството врз жените и девојчињата.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

!

Во Македонија семејното насилство е во постојан пораст. Во текот на првите девет месеци од годинава, евидентирани се 635 кривични дела сторени при семејно насилство, што е за 25% повеќе во однос на истиот период минатата година. Во најголем дел од случаите, станува збор за телесна повреда.

Извршители во 90% од делата се припадници на машкиот пол, а жртви во речиси ист процент се жените (мајки, ќерки, сопруги). Бројот на поплаки за семејно насилство е над 3.200, односно има зголемување од над 36% во споредба со истиот период лани. Најголем дел од поплаките (2.500 поплаки) се за психичко малтретирање, следуваат оние за физичко малтретирање, а на крајот се поплаките за малтретирање од економски побуди.

Официјални податоци на МВР

Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

И нашата држава се приклучува кон глобалната кампања за подигнување на свесноста и поттикнување акција против ова грубо кршење на едно од основните човекови права. Вклучувањето на Македонија во глобалниот повик за активизам против насилството врз жените и девојчињата се одвива под мотото „Направи го твоето соседство портокалово“ (Orange your neighborhood). Препорака е во сите активности да доминира портокаловата боја, како симболичен знак за единство во борбата за искоренување на сите форми на насилство врз жените и девојчињата.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

„Насилството врз жените е едно од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права. Глобално, една од три жени ќе доживее физичко или сексуално насилство во некој момент од својот живот, во многу случаи токму од својот интимен партнер. Скоро половина од жените убиени во текот на 2012-та настрадале од својот партнер или член на семејството. Статистички, силувањето и домашното насилство претставуваат поголема закана за жената отколку ракот, сообраќајните несреќи, војните и маларијата заедно“ – рече постојаниот координатор на Обединетите Нации, Луиза Винтон. „Знаејќи го обемот на оваа злоупотреба, на овој Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените, ние мораме да ја потврдиме нашата заложба за искоренување на сите форми на насилство врз жените и да обезбедиме правда и поддршка за жртвите. Насилството врз жените никогаш не е прифатливо и затоа ние мора да ги повикаме на одговорност сторителите и да ги едуцираме помладите генерации дека вистинскиот маж не удира жена – потенцираше таа.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

Во своето обраќање пред учениците и наставниците од скопското средно училиште „Васил Антевски Дрен“, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ја акцентираше улогата на образованието за искоренување на сите форми на насилство врз жените. „Образованието има клучна улога во промената на штетните родови стереотипи кои директно или индиректно промовираат насилство врз жените и девојчињата“ – истакна министерката Јанкулоска.

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

СЗО истакнува дека насилството има долгорочни последици на психичкото и физичкото здравје на жените. Имено, жените со насилен партнер почесто страдаат од депресија и проблеми со прекумерно консумирање алкохол и почесто се соочуваат со несакана бременост и абортуси, како и сексуално преносливи инфекции меѓу кои и ХИВ.

Време е насилството врз жените да излезе од сенка!

Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11118 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.