Криси Елизабет поседува прекрасна долга коса на која многу девојки би позавиделе. Шармантната Холанѓанка си поигрува со долгите прамени и создава одлично компонирани фотографии кои ги споделува со своите следбеници на Instagram.
Прамени во форма на срциња украсени со цветови или колоритни есенски лисја... дел од фотографиите Криси ги креира според годишните времиња.
„Најсреќна сум кога сум креативна и ме возбудува тоа што продолжувам да креирам содржини за сите вас“ – вели Криси.





























