Почетна » Новости » Занимливости » Девојка со помош на мајка ѝ си го сошила и рачно насликала матурскиот фустан, резултатот е интернет хит

Девојка со помош на мајка ѝ си го сошила и рачно насликала матурскиот фустан, резултатот е интернет хит

Многу матурантки трошат мало богатство за изгледот за прославата, но има примери кои се доказ дека не се потребни многу пари за феноменален стајлинг.

17-годишна девојка ги придоби симпатиите на стотици илјади корисници на Twitter со објавата од фустанот кој рачно го изработила со помош на мајка си.

Сиара Џен самата го дизајнирала фустанот, а потоа со 12 метри материјал и многу труд, креирала модно ремек-дело.

Сиара Џен Сиара Џен

„Инспирацијата ми дојде од мајка ми, која ме охрабри да го направам фустанот. Бидејќи обожавам нови нешта, си помислив – зошто да не? Со мајка ми го зашивме секој панел од здолништето“ – изјави таа за Buzzfeed.

Секој од цветовите бил насликан рачно и биле потребни пет дена за да се комплетира флоралниот дезен.

Сиара Џен Сиара Џен Сиара Џен

Фотографиите од нејзиниот моден матурски проект наидоа на многу позитивни реакции. Досега таа има над 380.000 лајкови на Twitter.

„Го изработив и насликав мојот фустан за матурскиот бал! Насликав над 80 цветови, го шиев фустанот со мојата мајка и го дизајнирав сама!“ – напиша таа.

Сиара Џен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.