Почетна » Убавина и мода » Мода » 10 типа девојки кои ќе ги видите на матурската вечер

10 типа девојки кои ќе ги видите на матурската вечер

Матурската еуфорија се зголемува. По кафеаните веќе нема слободни термини за славење, фризерските и козметичките студија се полни, а среќните матуранти со нетрпение чекаат да го покажат изборот на облека за матурската прослава. И додека траат финалните подготовки, секоја девојка се надева дека ќе изгледа најубаво, најнеобично, најволшебно...

Матурата е едно големо шоу, во кое секој има своја улога. Еве ги најчестите типови матурантки кои ќе ги видите скоро на секоја прослава:

Добрата примерна девојкаДевојка тип „анти-матура“Принцезата на мама и татоКралицата на матуратаМодерна пепелашка без принцСкоро невестаПровокативната заводничкаХипи девојкаГотик девојкаУникатна уметничка душа

Добрата примерна девојка

Скромноста е заштитен знак на добрата девојка. Нејзиниот фустан нема да ви остави голем впечаток, ниту пак ќе ве воодушеви нејзината фризура. Шминката и маникирот најверојатно си ги направила сама или се толку едноставни што никогаш нема да запрашате кое студио го посетила. Таа со срамежлива насмевка ќе ги привлекува погледите кон себе.

Можете да ја слушнете како вели дека не сакала да изгледа како за на маскенбал и дека сака кога ќе ја видат другарите да можат да ја препознаат. Никогаш нема да ја видите како танцува качена на стол или на маса.

Девојка тип „анти-матура“

Девојката „анти-матура“ цел живот вели дека матурската прослава е само непотребно трошење пари и дека и нема многу што да се прославува. Таа е против екстравагантни маникири, фризури и шминка, а уште повеќе ги критикува гламурозните свечени фустани. Најверојатно ќе се појави по панталони или наједноставна рок комбинација. Не е исклучено наместо високи потпетици да носи патики.

Колку и да е против еуфоријата што се крева околу матурата, таа нема да ја пропушти можноста лудо да се забавува.

Принцезата на мама и тато

Таа е девојката која носи најгламурозен фустан и се движи со гордо крената глава. Нејзиниот накит се гледа од авион и најверојатно вреди мало богатство. А фустанот? Фустанот дефинитивно не е купен од Македонија и неговата цена ја знаат сите од генерацијата затоа што таа зборува за него веќе неколку месеци.

Најверојатно оваа девојка пристигнала во скап автомобил или изнајмена лимузина. Поголем дел од вечерта ќе парадира наоколу и ќе зборува за фустаните. Лудото танцување не е за неа... или не е за нејзиниот префинет фустан.

Кралицата на матурата

Ако живеевме во Америка, оваа девојка ќе ја добиеше титулата кралица на матурската вечер. Таа е следбеничка на модните трендови, а одењето на училиште за неа беше можност да ги покаже сите убави и модерни комбинации облека што ги поседува. Се вбројува меѓу најпопуларните девојки во генерацијата и матурата е нејзина омилена тема од почетокот на последната учебна година.

Најверојатно ќе ја видите во долг сатенски фустан со отсечоци и/или голем шлиц. Нејзините обувки блескаат исто како и нејзиниот накит, а на главата ѝ недостига уште тијара. Таа обожава да е во центарот на вниманието, па затоа ќе танцува цела вечер, по можност на највисокото и најистакнато место.

Модерна пепелашка без принц

Нежна шминка, елегантен накит, мало чантиче и фустан тип балерина... принцезата на матурата изгледа елегантно, софистицирано и романтично. Најверојатно на главата носи венче, а шминката ѝ вклучува ситни светулки. Отстрана таа изгледа како принцеза која очекува да пристигне нејзиниот принц.

Најмногу сака да танцува на балади.

Скоро невеста

Белата боја е во тренд и оваа девојка ќе го искористи тоа за да блесне. Веднаш ќе речете дека нејзиниот фустан изгледа како невестински, а целата матурска вечер како генерална проба за нејзината свадба.

Оваа девојка очекува совршена, магична вечер и ретко ќе сака да се оддели од нејзиниот партнер. Танцува воздржано и колку што може поелегантно.

Провокативната заводничка

Оваа девојка во ниту еден момент не помислила да ја сокрие својата секси фигура со долг балски фустан. Нејзин избор најверојатно е тесен краток фустан или тесен долг фустан со многу длабоко деколте.

Таа живее за да го покаже својот сексапил и нема да се срами да танцува провокативно.

Хипи девојка

Додека голем број матурантки не дишат во своите фустани и постојано внимаваат да не им падне циркон од фустанот или да не им се расипе ултра стилизираната фризура, оваа девојка танцува безгрижно во лесен широк фустан и ниски обувки, и безгрижно ја размавтува пуштената брановидна коса.

За хипи девојката најважно е да си помине убаво и да танцува колку што може повеќе.

Готик девојка

За оваа девојка не постојат модни трендови, таа има изграден стил и точно знае како сака да изгледа. Мајка ѝ сигурно се обидела да ја убеди да облече нешто посветло барем за матурата, но готик девојката си останува доследна на стилот. Во одредена мера го презира блескавиот гламур и не наоѓа ништо привлечно и убаво во балските тоалети кои ги има во секоја продавница и со кои ќе биде опкружена цела вечер.

Танцувањето на поп и фолк музика воопшто не спаѓа во нејзините омилени нешта.

Уникатна уметничка душа

Нејзиниот фустан не може да се најде во ниту една продавница. Шиен е специјално за неа и тоа најверојатно според нејзин дизајн. Има уникатен фустан и чантичка, а најверојатно носи и екстравагантен моден додаток на главата.

Танцува само на одредени песни. Убавиот ритам ја подига од столчето.

Па, каков тип девојка ќе бидете или сте биле вие на матурската вечер?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.