Почетна » Новости » Занимливости » Девојка им возврати на модните агенции кои барале да стане „кожа и коски“ за да биде модел

Девојка им возврати на модните агенции кои барале да стане „кожа и коски“ за да биде модел

Девојка, која била советувана да стане „кожа и коски“ од страна на модните агенции, проговори за нездравиот притисок кој се врши врз девојките во модната индустрија. Таа напиша текст на Facebook во кој раскажа за борбата со депресијата, самоубиствените мисли и нездравата исхрана и започна петиција за создавање на закон кој ќе ги штити девојките и момците во оваа индустрија.

Елизабет Холанд

Елизабет Холанд имала само 16 година кога започнала да работи како модел, а неколку години подоцна била откриена од голема британска агенција, од која ѝ ветиле дека ќе стане икона и ќе го прошета светот. Но, предуслов било да ослаби и да го намали обемот на колковите од 94 на 89 см.

„Ми ги штиклираа сите коцки, со исклучок на една – морав да ослабам. Тоа и го направив. За четири месеци ослабев 6 кг и намалив 5 см од обемот на колковите. Кога се вратив во истата агенција, ми рекоа дека треба уште да ослабам, дека ме сакаат кожа и коски“ – пишува Холанд во својата петиција, која досега е потпишана од над 100.000 лица.

Елизабет Холанд

Објавата на 23-годишната девојка на Facebook е споделувана стотици пати, а целта на Холанд била да им ја покаже на сите „реалната состојба во изопачениот свет на модата и социјалните медиуми“.

Пред неколку години бев откриена од огромна модна агенција, од каде рекоа дека ме сакаат, дека ќе станам икона и дека ќе патувам низ светот. Направив точно како што ми велеа, бидејќи која наивна девојка не би сакала таков живот? Ми рекоа дека мерките на колковите се преголеми и дека треба да ослабам насекаде. Висока сум околу 177 см и конфекциски број 36... И тие сакаа да бидам помала? За жал, наседнав на тоа, јас бев една од оние девојки на кои им велат дека не се доволно слаби. Дека не се доволно добри.

Бев премногу уморна, всушност бев исцрпена, се разболев и бев многу слаба, но дури и кога бев во најлоша состојба, за нив сè уште не бев доволно добра. Тоа му нанесе поголема штета на моето ментално здравје одошто на физичкото. Порано имав прекрасна долга коса, но ја истрижав со ветување дека ќе бидам успешна. Никогаш не им бев доволно добра онаква каква што сум. Тоа придонесе да создадам нездрава врска со храната и да развијам депресија. Ми ги одзеде самоувереноста и самодовербата. Тоа влијаеше на моето семејство, врските со луѓето и работата. Во најлошите моменти дури помислував да си го одземам животот.

И покрај сè, Елизабет успеала да ја оживее љубовта кон себе. Но, набрзо наишла на нова голема сопка. Кога повторно била ангажирана од нова агенција, оттаму ѝ било кажано дека треба да ја намали тежината.

Елизабет Холанд

Стигнав дотаму што понекогаш мислам дека не заслужувам да јадам, дека нема поента да постојам затоа што сум товар. Кога се чувствувам многу лошо, само ќе каснам моркови, а кога јадам нормално, подоцна чувствувам екстремна вина. Дури се обидов да пушам за да си го намалам апетитот. Плачам премногу.

Одвратно е, нели? Овие луѓе можат да направат да имаш многу ниско мислење за себе, да се чувствуваш бескорисно и бесцелно. Во моментов сум на боледување од работа зашто минувам низ лош период.

Навистина сакам да научам да се сакам себеси онаква кава што сум, не само за мене, туку и за секоја друга девојка која се чувствува вака. Овие невозможни очекувања од девојките да бидат вреќа со коски им ги наметнуваат на наивни девојки кои ги следат своите соништа, но ним не им е гајле како ќе се чувствувате, сè додека изгледате болно и доволно слабо зад камерата. Тие имаат предолга редица наредени девојки кои го следат истиот сон, па што ако неколку од нив паднат мртви.

Тоа навистина ти ја уништува душата. Ја гледам дебелината поради нив. Гледам колку е грдо моето лице поради нив. Го гледам мојот крив заб поради нив.

Елизабет Холанд

Сè уште сакам да бидам модел, но цената која ја плаќам што се чувствувам дебело и бесполезно е преголема. Кога би можела да го работам тоа онаква каква што сум, би било неверојатно. Сакам да бидам пример за девојките насекаде. Ова никогаш нема да престане ако не застанеме и да направиме нешто!

Тие девојки на социјалните мрежи со совршено тониран стомак, облини, слаби бутови, бисерно бело заби, долга сјајна коса кои држат сендвич опишан како „јаглехидрати за денес“, тие НЕ СЕ реални. Сум била сведок на многу стории за овие девојки кои се несреќни со своите животи, што е тажно. Мора да престанеме да се споредуваме со овој лажен свет, но како би можеле кога целосно сме опколени со него?

Елизабет Холанд Елизабет Холанд Елизабет Холанд Елизабет Холанд

Холанд доби многу пофалби за својата храброст и огромна поддршка од лица од целиот свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.