Почетна » Новости » Занимливости » Девојка ѝ приредила емотивно изненадување на мајка си, исполнувајќи ги желбите на покојниот татко

Девојка ѝ приредила емотивно изненадување на мајка си, исполнувајќи ги желбите на покојниот татко

Али Мендоза добила e-mail од татко ѝ 10 месеци по неговата смрт. Кога ја отворила пораката, во неа било наведено што да направи на денот кога тој и нејзината мајка требало да ја прослават 25-годишнината од бракот.

Грижливата девојка сподели фотографии и видеа од интимното изненадување кои разнежнуваат.

„Тие требаше заедно да ја прослават нивната сребрена 25-годишнина денес, но Бог имаше други планови. Иако не се физички заедно, иако тој веќе не е тука, тој успеа да ја изненади и да ја усреќи мајка ми. Ниту смртта не го сопре татко ми да ја сака мајка ми и да ѝ покаже колку му значеше“ – пишува Али.

Изненадување

Али раскажува како татко ѝ се погрижил за специјалното изненадување.

Пред 3 недели, добив закажан e-mail од татко ми. На почетокот се плашев да го отворам, затоа што кој не би бил исплашен да отвори порака од лице кое починало пред 10 месеци, а освен тоа, беше 3 часот наутро и само јас бев будна во куќата. По два дена, одлучив да го отворам мејлот и не можев да поверувам дека го читам тоа. Љубовта на татко ми кон мајка ми дефинитивно е неизмерна.

Пред татко ми да почине пред 10 месеци, тој испланирал сè, дури и контактирал цвеќарка и ѝ платил да ѝ доставува цвеќиња на мајка ми во наредните години за секоја специјална прилика – на роденденот на мајка ми (19 август), на Св. Валентин и на нивната годишнина (10 јуни). Пораката вклучуваше и писмо кое тој го напишал за мајка ми, во кое беше наведено сè што мајка ми требаше да слушне од него за да се чувствува добро. Тој буквално мислел на сè за неговата сакана да ја почувствува целата негова љубов.

Татко ми ги избра цвеќињата за нејзиниот букет. Белите рози се специјални за моите родители, бидејќи кога татко ми ѝ се додворуваше, мајка ми имаше двајца додворувачи. Таа си кажа себеси дека оној што ќе ѝ подари бели рози е Вистинскиот и очигледно тоа беше татко ми. Розови рози затоа што тато знаеше дека мама сака светлорозови рози – пишува таа.

Изненадување

За реакцијата на мајка ѝ, Али вели: Се разбира, мајка ми плачеше затоа што ѝ недостига љубовта на нејзиниот живот, но видов колку ја усреќи сето тоа, бидејќи знаеше дека сè беше испланирано од татко ми.“

Слатко-горчливата прослава допре до илјадници срца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10280 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.