Почетна » Новости » Занимливости » Дебела мајка ја ставила ќерката на диета на 2-годишна возраст

Дебела мајка ја ставила ќерката на диета на 2-годишна возраст

Али и КорлиАли и нејзината ќерка Корли

Британката Али Џилардони ја ставила својата ќерка на диета уште на 2-годишна возраст. Малата Корли сега е осумгодишна и е на диета веќе 6 години.

Али не си ја ограничува својата храна и тежи 108kg, но на својата ќерка ѝ дозволува да консумира само 700 калории дневно, што е за 1000 калории помалку од препорачаното за нејзината возраст.

И сепак, Али тврди дека сè што прави го прави во интерес на својата ќерка. „Не сакам Корли да биде како мене... Не сакам дебело дете. Опседната сум со тоа како изгледа. Сакам да биде убава и популарна, а нема да биде ако е подебела“ – изјавила таа за списанието Closer.

Г-ѓа Џилардони, чиј BMI е 36 (многу над нормалното), внесува по околу 3000 калории дневно од брза храна како чипси и бисквити кои ги консумира додека нејзината ќерка спие.

Докторот Кристијан Џесен во врска со оваа приказна изјавил: „Али ги наметнува своите проблеми на својата ќерка – таа треба да посетува психијатар. Ограничувањето на калориите на дете кое е со нормална тежина е непотребно и штетно за здравјето. Нејзиниот имунолошки систем ќе страда, ќе биде засегнато нејзиното растење, пубертетот ќе биде одложен и ќе има ризик од појава на остеопороза и недостиг од витамини и минерали. Од гледна точка на психологијата, ова може да предизвика сериозна анорексија и да заврши фатално“.

Но, неодговорната мајка смета дека е поприфатливо некој да е анорексичен отколку дебел.

„Таа секогаш се гледа во огледала. Се чувствувам виновна, но тоа го избрав за неа... Мило ми е што ја истренирав. Сакам да израсне среќна и да ги прави работите кои јас никогаш не ги направив... Корли не е толку слаба па да умре наредната недела... Пореметувањето во исхраната може да го излечиш со терапија. Но, кога си дебел, дебел си за цел живот“ – продолжила да раскажува Али во отвореното интервју.

Медицинско лице установило дека Корли, која до 5-годишна возраст била анемична, сега е 2,5 килограми послаба од препорачаната тежина, но е здрава. Експертите тврдат дека е целосно погрешно дете да биде на диета со намалување на калориите и сметаат дека секое дете ставено на ваков режим на исхрана ќе си најде начин да консумира дополнителни калории.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.