Почетна » Новости » Занимливости » Двојна среќа: Идентични близначки се породија во ист ден, само 12 часа една од друга

Двојна среќа: Идентични близначки се породија во ист ден, само 12 часа една од друга

Неверојатна приказна за идентичните близначки Рејчел Шмитбергер и Линдзи Дени од Тексас го обиколи светот, покажувајќи ја посебната врска меѓу близнаците.

37-годишните сестри правеле сè заедно целиот нивни живот, а сега родија момчиња на ист ден, со разлика од само 12 часа.

Рејчел и Линдзи Рејчел и Линдзи

Близначките, кои се дерматолози и работат во иста ординација, велат дека ова искуство било „многу, многу специјално“ за нив.

„Бевме заедно во секој чекор од процесот. Колку и да беше тешко, вредеше и веројатно вака требаше да се случи“ – велат сестрите.

Рејчел и Линдзи Рејчел и Линдзи

Иако имале ист термин за породување, 1 септември, Рејчел требало да биде породена порано. Додека таа била во болница, Линдзи се грижела за ќерката на Рејчел, но ненадејно ѝ пукнал водењакот.

Нивната докторка, Шерон Вила Рајт, го променила распоредот за да може да ги породи и двете сестри во ист ден. Резултатот е две преслатки момчиња, Хејс и Овен, кои го делат и истото средно име, Мајкл.

За Линдзи, пристигнувањето на бебето Хејс на овој свет било екстра специјално бидејќи таа долго време се соочувала со тешкотии да зачне и веќе била подготвена да се откаже. Претходно имала и неуспешно ин витро.

Рејчел и Линдзи

Минатиот декември, Линдзи била пријатно изненадена кога забременила без никакви третмани. Среќата била уште поголема кога сестра ѝ, која веќе има една ќерка, ѝ се јавила за да ја сподели веста дека е бремена.

„Рејчел ми се јави еден ден откако дознав дека сум бремена и ми рече дека и таа е бремена. Кога дознавме дека имаме ист термин за породување, сè за што зборувавме беше дека ќе се породиме на ист ден и дека ќе имаат исти родендени“ – раскажале тие.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28742 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.