Почетна » Новости » Занимливости » „Дауновиот синдром е мојата супермоќ“: Слатко девојче со мисија да ги промени перцепциите на луѓето

„Дауновиот синдром е мојата супермоќ“: Слатко девојче со мисија да ги промени перцепциите на луѓето

Слатко девојче има прекрасна мисија пред себе – да го промени начинот на кој луѓето гледаат на Дауновиот синдром.

Миа Армстронг вели дека Дауновиот синдром е нејзина супермоќ и дека тој не ја спречува да ги прави сите нешта кои ги обожава.

„Луѓето со Даунов синдром се способни, паметни и силни. Јас имам Даунов синдром. Дауновиот синдром е мојата супермоќ“ – вели 10-годишното девојче.

„Јас сум како вас“ – самоуверено извикува Миа во видеото. „Ако ме видите, не покажувајте кон мене со прст, не шепотете, не гледајте на другата страна“ – додава таа.

Миа и нејзината мајка Кара постојано се залагаат за зголемување на свеста кај луѓето. Бидејќи постојано ги слушала зборовите „Многу ми е жал“ поради нарушувањето на нејзината ќерка, Кара вели: „Сакам светот да знае дека не треба да им е жал. Дека Дауновиот синдром е нешто што ние го славиме“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11438 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.