Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, раскажа за слатка средба со дете која му покажало дека љубовта на лицата со Даунов синдром е безусловна.
64-годишниот музичар, кој е еден од основачите на групата „Меморија“, ја сподели случката на својот Facebook профил и стана вирален хит.
Еве го неговиот статус:
Вчера одам кај Др-Благица од Биком и таму едно дете со Даунов синдром почнува да ме гушка. Му возвраќам со иста мера, а тој радосен уште појако ме стиска. Седиме така прегрнати, кога на албански баба му му зборува нешто, но тој не ја констатира.
Самиот ме пушта од прегратката после некој момент и за време на целата терапија ме ѕиркаше! На излегување повторно ме гушна и ме испрати до моторот! Гајле му беше него од која националност сме двајцата! Битно си разменивме неверојатна космичка енергија! Не ми е првпат ваква случка! Да не гледате со други очи кон овие деца , тие се исти ко нашите, само имаат посебен сенс и потреба за љубов од луѓе што тие ќе ги осетат!
Во коментарите многумина додадоа дека лицата со Даунов синдром го имаат најчистото срце и гушкаат со цела душа.
