Почетна » Новости » Занимливости » Да знаев како навистина изгледа мајчинството…

Да знаев како навистина изгледа мајчинството…

Ени Рено е мајка на три деца и блогерка која секојдневно привлекува следбеници со своите хумористични и емотивни текстови за мајчинството. Нејзиниот текст „Да знаев...“ стана вистински хит и само на Facebook е споделен над 700.000 пати. Многумина признаваат дека зборовите на Ени им ги насолзуваат очите.

Мајчинство
  • Да знаев како навистина изгледа недостигот на сон пред да имам деца...
  • Да знаев колку телесни течности ќе морам да исчистам додека моите деца се мали...
  • Да знаев колку многу ќе ме нервира звукот „Мама? Мама? Мама?“ по еднодецениско слушање на истиот...
  • Да знаев дека понекогаш ќе останувам подолго време во тоалетот само за да имам неколку минути за себе...
  • Да знаев дека тие украдени моменти во тоалетот речиси секогаш ќе бидат прекинувани од малечки тупаници кои чукаат на вратата...
  • Да знаев колку често ќе ги повторувам истите инструкции и исправки повторно, и повторно, и повторно, и повторно...
  • Да знаев дека секој „експертски“ лек за цимолење, плачење, муртење, непослушност, непочитување и мрзеливост ќе биде тотално неефективен во половина од случаите...
  • Да знаев дека понекогаш ќе плачам под тушот, затоа што нема друго место каде би можела да се „испразнам“ насамо...
  • Да знаев дека на крајот на некои денови нема да сакам да бидам во нечија близина и дека помислата на интимност со мојот сопруг ќе ми биде одбивна...
  • Да знаев дека никогаш повеќе нема да бидам способна вистински и потполно да се концентрирам на што било...
  • Да знаев дека не станува полесно како што децата растат, туку дека станува тешко на различни начини...
  • Да знаев дека ќе бидам преплашена речиси секој ден од помислата дека не сум успешна во мајчинството...
  • Да знаев колку немилосрдно навистина е мајчинството...

...сепак ќе ги имав своите деца.

Бидејќи ако ги немав...

Мајчинство
  1. Немаше да знам колку е неверојатно чувството да расте внатре во тебе човечко суштество од малечка точка во цела личност.
  2. Немаше да знам дека миризбата на главата на новороденчето е најдобриот доказ дека рајот навистина постои.
  3. Немаше да ја видам магијата да држиш заспано бебенце во своите раце и да не сакаш никогаш да го оставиш.
  4. Немаше да ја познавам неспоредливата возбуда да го гледаш своето дете како за првпат чекори, го користи нокширот, вози велосипед, или чита цела книга.
  5. Немаше да знам дека звукот на смеата на твоето дете може да ти ги осветли и најмрачните денови.
  6. Немаше да знам дека невин поглед од ококорени очи може да те растопи до подот.
  7. Немаше да знам колку е неверојатно да бидеш сведок на секојдневното, постепено развивање на личноста која си ја донела на овој свет.
  8. Немаше да ја познавам гордоста кога ги гледаш своите деца како се справуваат со тешки ситуации, користејќи ги алатките и квалитетите кои си ги всадила во нив.
  9. Немаше да знам колку многу вистинска, неконтролирана радост може да се роди додека го гледаш своето дете како триумфира.
  10. Немаше да знам дека обидите да ги воспиташ своите деца може да ти помогнат да ги излечиш раните од сопственото детство.
  11. Немаше да знам дека додека се губам во мајчинството, ќе пронаоѓам подлабока, посилна и пореална верзија од себе.
  12. Немаше да ја знам топлата, слатка исполнетост од тоа да си сакана како што само една мајка може да биде сакана.
  13. Немаше да ја знам суровата, жестока моќ на тоа да сакаш како што само една мајка може да сака.
  14. И немаше да знам дека болката и пречките на патот на крајот сепак ќе бидат потиснати од убавината, радоста и чудесноста на патувањето.

Да знаев како навистина изгледа мајчинството, одново сè ќе направев исто. (Само ќе спиев повеќе кога имав шанса.)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10622 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.