Почетна » Новости » Занимливости » Грција ќе направи 287 плажи достапни за лица со инвалидски колички

Грција ќе направи 287 плажи достапни за лица со инвалидски колички

Секој заслужува можност да ужива покрај морските води за да се разлади од летните горештини. За жал, луѓето во инвалидски колички честопати се спречени да стигнат до посакуваните плажи, зашто до нив не може да се дојде на тркала, туку само со пешачење.

За да им го разубави престојот во земјата и да им даде шанса да уживаат во морето, Грција ќе им го олесни на лицата со проблеми со подвижноста пристапот до 287 плажи.

„Еднаквиот достап до море е неотуѓиво човеково право“ – изјави министерот за туризам, Василис Кикиљас.

Грција Грција

Со помош на системот SEATRAC, дизајниран во Грција, тие ќе можат без ничија асистенција да стигнат до плажата, да влезат во водата, да се истушираат и да се релаксираат во бар.

„Бев фасциниран кога ги увидов празнините во достапноста. Можев да им помогнам на луѓето да си ги задоволат неисполнетите потреби. Моја лична мотивација е да создадам продукти за да им помогнам на ранливите социјални групи. Прототипот за системот беше создаден во 2009 година, а комерцијализиран во 2012 година.“

„Кога видов како го користат стари лица, бремени жени и лица со мултипла склероза, знаев дека сакам да го донесам до секој што можам. Инстантната радост на нивните лица беше потсетник за нештата кои ги земам здраво за готово“ – рекол Игнатиос Фотиу, претставник на SEATRAC.

Во рамките на проектот, планирано е да се направат паркинзи, тоалети и места за пресоблекување за инвалидски колички.

Грција Грција

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9511 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.