Почетна » Новости » Занимливости » Грета Тунберг е Личност на годината според Time

Грета Тунберг е Личност на годината според Time

Грета Тунберг ја доби титулата „Личност на годината“ од реномираниот светски медиум Time.

Грета Тунберг

16-годишната активистка, која минатата година започна да ја подигнува свеста за климатските промени седејќи сама пред шведскиот парламент со транспарент „Skolstrejk för klimatet“, пред два месеци поттикна околу 4 милиони луѓе од целиот свет да земат учество во глобален штајк. Тоа беше и најмасовниот протест за климата во историјата.

Грета Тунберг

Младата девојка во интервјуто за Time рече: „Не можеме да продолжиме да живееме како да нема утре, затоа што има утре“.

Грета за првпат научила за климатските промени кога нејзина наставничка на час пуштила филм за последиците – гладни поларни мечки, екстремни временски услови и поплави. Тогаш, Грета имала 11 години и паднала во длабока депресија. Престанала да зборува и јадела премалку, што ѝ влијаело негативно на развојот. „Не можев да разберам како тоа може да постои, таа егзистенцијална закана, а нам да не ни е приоритет“ - вели таа.

Грета Тунберг

Екстремната реакција на Грета се должи на нејзината дијагноза Аспергеров синдром, што значи дека таа не ги процесира информациите како невротипичните луѓе. „Го гледам светот во црно или бело и не сакам да правам компромиси. Ако бев како сите други, ќе си го продолжев животот и немаше да ја видам оваа криза“ - објаснува таа.

Тунберг моментално престојува во Мадрид по повод Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации. Во својот говор, таа рече: „Ви кажувам дека има надеж. Ја видов. Но, таа не доаѓа од влади или корпорации. Таа доаѓа од луѓето... Не мораме да чекаме. Можеме да започнеме променa сега.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.