Почетна » Новости » Занимливости » „Горда сум на себе“: Фитнес ѕвездата Емили Скај покажа дека ѝ требаа 11 месеци за да се врати во форма по раѓањето на второто дете

„Горда сум на себе“: Фитнес ѕвездата Емили Скај покажа дека ѝ требаа 11 месеци за да се врати во форма по раѓањето на второто дете

Бременоста го менува женското тело, па понекогаш потребно е многу време и труд за повторно да се врати во добра физичка форма.

И покрај тоа што тренираше низ целата бременост, фитнес ѕвездата Емили Скај сподели дека ѝ требале 11 месеци за да се врати во форма по раѓањето на второто дете.

Скај објави фотографии и видеа за да покаже како изгледаше нејзиното тело еден месец по породувањето, а како изгледа сега.

Емили Скај

11 месеци постпартум. Ми требаше речиси една година по раѓањето на Ајзак за да станам повторно фит. Знаев дека ќе успеам. Се чувствувам фантастично и горда сум на себе.

Понекогаш мислите дека вашето тело не ја отсликува вашата напорна работа и посветеност и се чувствувате како да не се движите кон целта. Цел месец чувствував дека воопшто не се менувам. Тоа ме фрустрираше, но знаев дека морам да продолжам и да тренирам понапорно. Секогаш ми е некомфорно кога тренирам.

Исто така, морав да бидам построга со храната која ја внесувам. Работата со конзистентноста е тоа што по извесно време, резултатите ќе се покажат на многу начини – на вашата кондиција, на начинот на кој се чувствувате и изгледате.

Ако сакате да се чувствувате фит и силни – МОЖЕТЕ да го направите тоа! Не се сомневајте во себе! Потребна е само напорна работа, посветеност и доследност. Верувам во вас исто како што верувам во себе!

Емили СкајЕмили Скај 6 часа по породувањето Емили СкајЕмили Скај 1 месец по породувањето Емили СкајЕмили Скај 6 недели по породувањето Емили СкајЕмили Скај 5 месеци по породувањето Емили СкајЕмили Скај 7 месеци по породувањето

Погледнете како изгледаше Емили пред двете бремености. Taa e eдна од најпознатите фитнес зависнички, која со документирање на своите тренинзи на Instagram инспирираше илјадници жени ширум светот да ги одржуваат своите тела во топ форма. На популарната социјална мрежа Скај има 2,5 милиони следбеници.

Емили Скај Емили Скај Емили Скај

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.