Почетна » Новости » Занимливости » Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар

Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе почне задутре (среда, 8 август) и ќе трае до 12 август во Веро центар во Скопје. Посетителите на трговскиот центар ќе може да купат голем број производи по намалени цени, а во сабота (11 август) во 12 часот ќе се одржи и концерт за најмладите на кој ќе настапи хорот на детскиот фестивал „Поточиња“.

Веро

Следејќи ги потребите на потрошувачите, менаџерскиот тим на Веро центар одлучи летните денови да ги „освежи“ со екстремно ниски цени во трговскиот центар. Само дел од продавниците каде што ќе може да се пазари со попуст се: „Спорт М“, „Анхоч“, „Топ шоп“, „Васидора“, „Дуки Дасо“, „Сара фешн“, дрогеријата ДМ, маркетот на „Веро“, продавниците во одделот за храна и други. Дополнително, дел од забавата ќе биде и концерт на хорот на „Поточиња“ кој е наменет за најмладите.

Веро

- Секогаш размислуваме како да бидеме во чекор со потребите и желбите на сите наши посетители без разлика на годините. Овој пат, повозрасните ќе можат да можат да најдат огромен број на производи по ниски цени, а за децата организираме концерт на хорот на еден од најпознатите детски фестивали во земјава, „Поточиња“ – вели Љубица Короскоска, маркетинг директор во компанијата „Веропулос“.

Веро

Во трговскиот центар досега се имаат одржувано низа на случувања на различни теми како што се „Чоколенд“, „Чиз ленд“ како и голем број на ненадејни концерти и настани. Овој пат летото ќе биде одбележано со распродажбата со неверојатни попусти и до 80 отсто, а се планираат уште многу изненадувања за посетителите во периодот што следува.

Веро

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.