Почетна » Новости » Занимливости » Го пропатуваа заедно светот, па со ова писмо маж ѝ предложи брак на саканата

Го пропатуваа заедно светот, па со ова писмо маж ѝ предложи брак на саканата

Љубовната приказна на Ешли и Кајл Џејмс го обиколи светот. Откако го пропатуваа светот заедно, Кајл ѝ напиша прекрасно писмо на саканата која секогаш го поддржувала. Крајот на писмото всушност означува значаен почеток за нив, бидејќи е предлог за брак.

Во него, посветениот автор објаснува како по негова вина и двајцата станале робови на секојдневните рутини и кариерите, а неговата избраничка постојано го молела да го истражат светот и да уживаат во животот. Откако решил да ѝ го оствари сонот на Ешли, тие за 120 дена минале низ 15 земји, посетувајќи 38 градови.

Прочитајте во писмото кое Кајл ѝ го напиша на Ешли, откако сфати дека таа е девојката со која сака да го помине целиот свој живот:

Ешли и Кајл

Моја слатка Еш,

Ти отсекогаш сонуваше да патуваш низ светот. Кога започнавме да се состануваме, само за тоа зборуваше. Ми кажуваше како едвај чекаш да излезеш од овој мал град во кој студиравме, како со нетрпение чекаш да го искусиш животот од различен агол.

Кога дипломиравме на факултет, ти сакаше да прославиш за 16-те години учење со заедничко патување. Јас ти кажав дека треба да започнеме нови кариери и дека ова се нашите најважни години. Ти кажав дека сè уште немаме време ни пари за да патуваме низ светот и побарав да почекаме уште некое време. Ти ме послуша.

Се одлучивме да се преселиме во Денвер за да ги започнеме нашите кариери.

Секоја година на полноќ, додека наздравуваме со нашето евтино шампањско и се бакнувавме нежно во позадината од вревата за новогодишната прослава, ти ме молеше да патувам низ светот со тебе. Бараше од мене да те одведам на романтични ќошиња во Прага и интимни острови во Тајланд. Бараше од мене да минам мизерни ноќи со изгореници од сонцето со тебе во Италија и долги денови под кабините на плажите на грчите острови. Секоја година бараше од мене и секога година јас ти давав изговор зошто треба да чекаме. Ти кажував дека ни треба повеќе работно искуство. Ти ме слушаше.

Ешли и Кајл

Една година подоцна, ми беше понудена нова работа, мојата работа од соништата. Кога се вратив дома со веста за работата, ти изгледаше како да остана без воздух. Можев да видам дека си скршена. Очите почнаа да ти сјаат додека со насмевка ми честиташе што го прифатив она за кое напорно работев. „Сега ќе можеме да одиме на авантуристички одмори“ – те уверував. Но, и двајцата знаевме дека ни се лизга од раце сè она за што зборувавме со години и за што сонуваше целиот твој живот.

По само неколку недели на новата работа, веќе ја мразев. Тоа не беше работата што мислев дека е и се враќав дома чувствувајќи се изгубен. Со години работев толку напорно за да стигнам до оваа точка и се покажа дека тоа не е она што сакав да правам со мојот живот. Ме седна на каучот, ме погледна во очи и ми рече дека имаш одлична идеја.

Ешли и Кајл

Се плашев да го напуштам комфорот на нашите животи во Денвер, но будењето секое утро до твоето насмеано лице, желно да истражува, ме увери дека сè ќе биде добро. Ми беше тешко да го прифатам нашето патување за време на непреспаните ноќи во неподносливата тосканска жештина и исцрпувачките патувачки денови во џунглите во Тајланд, но како што ги поминувавме овие тестови и неволји заедно, се вљубувавме уште подлабоко, бидејќи се имавме само еден со друг и ништо друго. Кога се вративме дома, се плашев дека нема да ја завршам книгата за нашите патувања, или дека нема да можам да најдам издавач, но ти ме поттикна да продолжам да пишувам.

Ешли и Кајл

Еш, ти си ветерот за моите едра, мастилото во моето пенкало. Без разлика каде одам или што правам, единственото нешто во кое што сум сигурен е дека сакам да си покрај мене. Секоја карпа од која скокам, секој мопед што ќе го скршам, секое утро после ноќ на труење со храна, секое медитеранско зајдисонце, сакам да си покрај мене. Никогаш не сакам да престанам да истражувам со тебе.

Ќе се омажиш ли за мене?

„Not Afraid to Fall“ е книгата која Кајл ја напиша за авантурите низ светот со својата идна сопруга.

Ешли и Кајл Ешли и Кајл Ешли и Кајл Ешли и Кајл Ешли и Кајл Ешли и Кајл Ешли и Кајл Ешли и Кајл Ешли и Кајл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.