Почетна » Новости » Занимливости » „Во овој фустан имаше многу љубов и емоции“: Невеста од Неготино се омажи во венчаницата на баба си

„Во овој фустан имаше многу љубов и емоции“: Невеста од Неготино се омажи во венчаницата на баба си

Мал гест со огромно значење. Невеста од Неготино се омажи во невестинскиот фустан на својата баба и измами многу комплименти.

Славица Шишкова, која потенцира дека има многу силна поврзаност со семејството, одлучи да стапи во брак со својот избраник Дарко во венчаницата во која баба ѝ се заколнала на вечна љубов пред 53 години.

„Знаев дека ниту еден фустан со потпис од било кој светски дизајнер нема да ме направи да се чувствувам толку посебно како овој. Во овој фустан имаше толку многу љубов и емоции“ – изјави Славица за Femina.mk.

Славица Шишкова на свадбата Славица Шишкова на свадбата

„Инспирација за да ја носам таа венчаница беше секако баба ми. Јас пораснав со моите баби и дедовци, многу ги сакам, и навистина многу работи имам научено од нив.“

„Како што кажав во повеќе наврати, многу посебно сум поврзана со мојата баба. Можеби затоа што го носам нејзиното име. Покрај тоа што е моја баба, таа е мојот најдобар пријател, моја најголема поддршка и најголем критичар во животот заедно со мајка ми и сестра ми, се разбира. Навистина, цел живот сум опкружена со семејство во кое владее тотална хармонија, љубов и разбирање. Воспитана сум да ги почитувам постарите и да ја негувам традицијата која што тие ја имале со години. Моето семејство ми е пример за тоа какво семејство треба да имам јас во иднина. Со гордост можам да зборувам за сите нив. Бидејќи сме навистина едно големо семејство, многу приказни, многу случувања, многу животни искуства можеме да слушнеме од секој од нив. Најмногу од постарите, се разбира“– вели Шишкова.

Славица Шишкова на свадбата Славица Шишкова на свадбата

За изборот на фустан за големиот ден, среќната невеста вели: „Кога дојде време за да одберам венчаница во која што ќе се венчам, воопшто не размислував. Додека разговаравме со баба ми за нивните обичаи во тоа време, и како изгледала една свадбена прослава, ја замолив само да ми го покаже нејзиниот венчален фустан, а кога го видов, знаев дека тоа е тој. Знаев дека ниту еден фустан со потпис од било кој светски дизајнер нема да ме направи да се чувствувам толку посебно како овој. Во овој фустан имаше толку многу љубов и емоции... Чест и задоволство ми беше навистина да го носам... Којзнае, можеби еден ден моите деца ќе го носат истиот овој фустан, па може да остане како една преубава традиција“.

Свадбена фотографија на бабата и дедото на СлавицаСвадбена фотографија на бабата и дедото на Славица Славица Шишкова на свадбата Славица Шишкова на свадбата

Славица и Дарко се познаваат уште од деца, а заедно се веќе 9 и пол години. „Многу работи имаме поминато заедно, пораснавме заедно и секогаш сме си поддршка и во добрите и лошите моменти во животот“ – открива таа.

Славица Шишкова на свадбата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.