Почетна » Новости » Занимливости » Вистинскиот код на Да Винчи - крајот на светот во 4006г.

Вистинскиот код на Да Винчи - крајот на светот во 4006г.

Во последните неколку години се крена многу прашина околу сликата на Леонардо Да Винчи, позната како „Тајната вечера“ и таканаречениот „код на Да Винчи“. Контроверзната приказна во романот на Ден Браун „Кодот на Да Винчи“ ги распламти страстите низ светот и создаде верни приврзаници и посветени противници.

Тајната вечера„Тајната вечера“ - Леонардо Да Винчи

Италијанската истражувачка Сабрина Сфорца Галиција, која долго време ги истражувала ракописите на Да Винчи, смета дека навистина постои код на Да Винчи, но според нејзините зборови, тој нема никаква врска со кодот опишан во романот на Ден Браун.

Таа тврди дека централниот полукружен прозорец што на сликата се наоѓа над главата на Исус содржи „математичка и астролошка“ загатка и дека таа успеала да ја дешифрира.

Според неа, Да Винчи сметал дека крајот на светот ќе настапи во 4006 година, како резултат на голема „универзална поплава“. Таа открила дека познатиот уметник ја определил датата 21 март 4006 година за почеток на поплавата, а 1 ноември за завршување на природната непогода.

Галиција објаснила дека Да Винчи оставал скриени пораки, затоа што живеел во тешки времиња и со цел да не биде нападнат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.