Почетна » Новости » Занимливости » Вирална објава по трагичната сообраќајна несреќа: „Солзите и болката не познаваат вера и нација“

Вирална објава по трагичната сообраќајна несреќа: „Солзите и болката не познаваат вера и нација“

Објава на скопјанка стана вирален хит на социјалните мрежи по трагичната несреќа, бидејќи ја потсети цела Македонија дека болката и тагата не познаваат вера и нација.

Весна Попоска, која е генерален секретар на Меѓународниот Универзитет „Визион“, Гостивар, и често патува на релација Скопје-Гостивар, напиша емотивен текст кој повикува на обединетост и добрина во овие моменти на тага.

Несреќа

Патувам со „Дурмо Турс“ веќе пет години, со истите добро препознатливи црвени автобуси, речиси секој ден. Шоферите со кои најчесто патувам се прекрасни луѓе и исклучително внимателни, ме гледале секогаш како свое дете. Сме патувале низ пороен дожд, тежок снег и густа магла. Верувам дека и денес кој и да возел возел со најголемо внимание и најдобро што може. Во тој автобус денес се возеа наши пријатели, соседи, роднини...

Гостиварци се исклучително добри луѓе и не заслужија ваква трагедија. Никој не заслужува вакво нешто. Многу, многу ми е жал и срцето ми плаче. Меѓу настраданите и повредените има и Македонци, и Турци, и Албанци, а и месното население кое притрча прво напомош е исто така од мешан етнички состав. Секој на различен јазик му се моли на истиот Бог, за доброто на сите кои се во мака. Солзите и болката не познаваат вера и нација. Жалосно е што треба да се случи трагедија за да се обединиме толку цврсто. Што носи мигот, не носи годината. Да бидеме подобри луѓе овој ден и секој ден за сите што заминаа, бидејќи секој од нас можеше да биде на нивно место. Пријатели, моите мисли и моите молитви се со сите вас. Бидете силни како што само вие можете. Гостивар памети!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.