Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Чилеанецот со ист глас како Шакира

ВИДЕО: Чилеанецот со ист глас како Шакира

Пред скоро една година му се воодушевуваме на гласот на Тајванецот Лин Ју Чун кој успеа да ја засени самата Витни Хјустон. Сега се појави уште едно момче кое сака да го грабне микрофонот од една друга музичка ѕвезда.

Чилеанецот Рудолфо Бургос ги остави со подзината уста членовите на жирито на шоуто Yo Soy („Јас сум“).

Кога се појави на сцената, тој убедено тврдеше дека е Шакира, а публиката мислеше дека претстои уште една комична изведба. Но, кога Рудолфо започна да ја пее песната „Gitana“, сите се убедија во огромната сличност на неговиот глас со оној на колумбиската пејачка.

Погледнете го неговиот настап.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.