Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Феноменална меморија

ВИДЕО: Феноменална меморија

Повеќето луѓе не можат да се сетат што им се случило претходниот месец, а камоли да паметат настани од пред неколку години. Но, тоа не е случај со 6 Американци со исклучително добра меморија.

Во емисијата „60 Minutes“ на CBS беа претставени 5 од 6-те надарени Американци кои имаат „супериорна автобиографска меморија“ којашто им овозможува да се присетуваат на детали од скоро секој ден од нивниот живот.

Кога ним ќе им кажете некоја дата, тие веднаш можат да ви одговорат што се случило на тој ден. Со цел да се потврдат нивните тврдења, биле направени многу тестови од професорот Џејмс Мекго кој заедно со својот тим ја открил оваа дарба и во моментов ја проучува.

Луиз ОвенЛуиз Овен може да се сети скоро на сè што ѝ се случило од 11-годишна возраст досега

Во текот на еден од многуте тестови, тој ја запрашал Луиз Овен, 37-годишна виолинистка од Њујорк, во кои денови од јануари и февруари 1990г. врнело. Нејзините одговори биле беспрекорно точни.

Луиз може да се сети скоро на сè што ѝ се случило од 11-годишна возраст досега. Во интервјуто таа раскажала дека еднаш некоја пријателка ја запрашала колку филмови имаат гледано заедно, а Луиз веднаш започнала да брои кои филмови ги гледале од времето кога се запознале до моментот кога ѝ било поставено прашањето.

Тоа е само еден мал пример од она на што се способни ретките луѓе со оваа дарба.

Актерката Мерилу Хенер е меѓу 6-те прославени Американци со неверојатна меморија. Таа, како и останатите, може да раскажува скоро за сè што ѝ се случувало во животот. Така, таа може да каже кога ги носела за прв пат сите обувки од нејзината голема колекција.

Марилу ХенерАктерката Марилу Хенер

И што е најинтересно, сите учесници одговараат на прашањата за далечното минато исклучително брзо, исто како тие настани да се случиле вчера. Еден од соработниците на проф. Мекго изјавил дека одговорите кои ги даваат луѓето со ваков тип на меморија се точни во 99% или 100% од случаите (се разбира, тука станува збор за нешта кои можат да бидат проверени).

Еве ја интересната емисија:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10378 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.