Празниците зближуваат, дури и завојувани страни. „Божиќното примирје“ од Првата светска војна ја инспирираше новата реклама на британскиот ланец на супермаркети Sainsbury's.
Видеото прикажува како изгледало неофицијалното примирје на Западниот фронт во 1914 година, кога околу Божиќ британски и германски војници се откажале од пукањето за да го прослават големиот празник во мир.
За време на невообичаеното примирје, кое го стоплува срцето, војниците од двете страни излегле од рововите и се сретнале на ничија земја, а притоа си размениле подароци како цигари, алкохол и сувенири и изиграле фудбалски натпревар. За време на Бадник и Божиќ, војниците од двете страни постојано пееле празнични песни и ги кителе грмушките.
По празничната дружба, Британците и Германците се вратиле на своите места и војната продолжила.
Таа случка од пред 100 години е симбол за човечноста, а компанијата работела со историчари за да може што подобро да се доловат деталите.
Чоколадото од видеото ќе се продава за една фунта, а сите средства ќе бидат донирани за Кралската британска легија.
А еве и краток филм за божиќното примирје: