Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Од момчиња било побарано да удрат девојка, нивните реакции се за почит

ВИДЕО: Од момчиња било побарано да удрат девојка, нивните реакции се за почит

Што ќе се случи кога млада девојка ќе застане пред момче, а од него ќе биде побарано да ја удри силно? Вирално видео покажува како реагираат деца на насилството врз жените.

На почетокот на видеото, неколку момчиња од Италија се претставуваат и откриваат што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Сите се на возраст од 7 до 11 години. Потоа, лицето од зад камерата ги запознава момчињата со млада девојка, ги прашува што им се допаѓа кај неа и бара од нив да ја погалат.

Во еден момент видеото станува мрачно. Имено, од момчињата е побарано да ѝ влепат шлаканица на девојката, силно. На тоа барање, сите момчиња одговараат: „Не“.

„Девојките не треба да бидат удирани, дури ни со цвеќе“, „Исус не сака ние да удираме други луѓе“, „Не сакам да ја повредам“, „Затоа што сум маж“ – тоа се неколку од одговорите кои ги дале момчињата кога биле запрашани зошто не сакаат да го удрат девојчето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10260 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.